Категории

„SQUID GAME“ предизвикува хаос во училиштата: Дилерите им продаваат дрога на децата преку популарната серија

Пилулите екстази засновани на хит серијата која се емитува на Нетфликс „Squid Game“ се промовираат на деца на Фејсбук. Родители тврдат дека дилерите ја користат популарноста на корејската серија за да им продаваат дрога на учениците. 

Загрижените родители ја објавиле оваа вест на интернет за да ја предупредат јавноста посочувајќи што се случува.

„Squid Game“, серијата во која натпреварувачите или освојуваат готовина или умираат играјќи детски игри, стана еден од хитовите на Нетфликс за оваа година.

Во текот на оваа недела, група од три деца од трето одделение биле одведени во болница откако постари ученици ги згмечиле така што ја копирале играта на лигњи во ќорсокак во тесен ходник на уилиште, пренесува Дејли Стар.

Прегледи:
522
Објавено на:
25.10.2021