Категории

Среќа е да се има домашно милениче: Нѐ лечат и поради нив стануваме подобри луѓе

Секој стручњак за ментално здравје е свесен за терапевтските предности кои ги носи поседувањето домашно милениче. Тоа го намалува стресот и го зголемува чувството на приврзаност. Притоа, го ослободува хормонот окситоцин, кој е поврзан со интимноста.

На пример, кога го галите своето куче, нивото на окситоцин во вашиот мозок расте, а хормоните на стрес, како што е кортизол, паѓаат. Покрај тоа, забележано е и намалување на крвниот притисок, а сѐ од наведеното го зголемува оптимистичкиот поглед врз животот. Покрај овие придобивки, сопствениците на домашни миленичиња имаат и подобро општо здравје, дури и понизок холестерол и триглицериди.

Домашните миленичиња ве прават поодговорна личност

Грижата за друго живо суштество бара труд и прилагодување. Кучето ќе ве натера да се држите до одреден распоред. Ќе се движите повеќе, ќе се будите во одредено време за да го изнесете надвор да изврши нужда. Секогаш ќе имате пријател кој ќе ве тера да трчате и да играте.

Ве тераат да се фокусирате на она што е навистина важно

Преку нив препознаваме што е навистина важно, а тоа е доволно сон, исхрана, движење, интеракција со блиските и слично, како и потребата за момент да се оттргнеме од работата, стресот и циклусот лоши вести.

Ви помагаат да успорите

Вашето куче може да биде прекрасен пријател, но понекогаш грижата за нив е поттик за уште посилна емоционална врска. Некои кучиња се многу посилни од своите сопственици. Поради тоа, потребно е да ги тренирате, учите, никако да не ги запуштите и константно да одржувате комуникација при која миленикот и сопственикот се разбираат и читаат еден со друг.

Прегледи:
85
Објавено на:
11.10.2021