Категории

Среќа е… да си светски првак во кик-бокс! Браво Димитар Ѓорѓиев!

Нашиот најдобар кикбоксер,  Димитар Ѓорѓиев освои златен медал на Светското првенство (ВАКО) во италијанскиот град Језоло.

Ѓоргиев славеше против Никола Дробњак од БиХ со 3-0 и стана светски првак. Претходно, на патот до финалето со ист резултат Ѓорѓиев ги победи и Дано од Италија, Даковиќ од Србија и Николов од Бугарија.

Со оваа победа, Димитар успеа да ја донесе Македонија на врвот дури четврти пат бидејќи ова е негова четврта светска титула, а има и едно европско злато, од 2018 година.


Браво Димитар, се гордееме со тебе!

 

Прегледи:
796
Објавено на:
22.10.2021