Чек дис аут
Search

Среќа? Тоа е да водиш љубов од љубов

Среќа? Тоа е да водиш љубов од љубов. Тоа е кога срцето сака да ви препукне кога на вашата уста ќе се спушти само еден поглед, кога една рака ќе ви остави малку пот во свивката на левото колено.

Тоа е плунката на љубовта што ви тече низ грлото, слатка, проѕирна. Тоа е вратот што се издолжува, што се ослободува од јазлите и уморот, што станува бесконечен, затоа што еден јазик минува по целата негова должина. Тоа е ушната ресичка што пулсира како долниот дел на стомакот.

Тоа е обезумениот грб што измислува звуци и трепери за да рече- те сакам. Тоа е ногата што се дига, согласна, гаќите што паѓаат како лист, непотребни и како пречка. Тоа е раката што се пробива низ шумата од коса, ги буди корењата на главата и ги полева со нежност, без сметка.

Тоа е ужасот на отворањето и неверојатната сила на дарувањето, кога се на светов претставува само изговор за плачење. Среќата, тоа е тој. Тоа сум јас. Другото е само масовни гробници и јавно буниште.

-БАДЕМ- Неџма

 

 

 

 

Преземено од: o3zona.net




Коментари

[fbcomments]