Категории

Среќата после секс трае 2 дена?

Направено е ново истражување кое објаснува зошто се чувстуваме лошо по некое време поминато во апстиненција од секс.

Направени се 2 долгорочни истражувања- во едното учествувале 96 пара, а во другото 118. Паровите воделе дневник секој ден и морале да напишат дали имале сексуални односи, колку се задоволни и колку уживале. Резултатите од истражувањата се објавени во списанието „Association for Psychological Science”.
Научниците забележале дека паровите се чувствуваат феноменално до 2 дена по сексот. Среќата по сексуален однос се јавува кај сите парови, без разлика колку долго се заедно или колку години имаат партнерите.
Сепак, научниците истакнуваат дека честиот секс бара многу енергија, време, планирање, но и го намалува бројот на сперматозоидите.