СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (11 ОКТОМВРИ, 2018)

Лав

Концентрирани сте на работата, сакате да решите прашања кои долго ве мачат. Оптимистички сте настроени, а тоа денес ви оди во прилог. Бидете толерантни и мирољубиви. Поминете повеќе време во домот. Ако имате миленик, вашите слободни попладневни часови посветете ги само за него.

Девица

Животните удари може да ви нанесат големо нерасположение и турбулентни периоди. Најсигурен начин повторно да се здобиете со самодоверба и да го вратите оптимизмот е да се спротивставите на она што не ви се допаѓа. Ништо не може да ве расположи подобро од убедувањето дека човечката слабост е моментална.

Вага

Горчливите и непријатни моменти во животот едноставно не умеете да го гледате од друга перспектива од онаа реалната. Исто така, поседувате доволно сила и одлучност самите да се извлечете од песимистичкото расположение. Кога ќе почувствувате дека ве обзема црнилото сконцентрирајте се на љубовта, работата која ве исполнува и пријателите кои ги имате во изобилие.

Скорпија

Започнете го утрото со обилен појадок затоа што ќе ви биде потребна енергија за да го завршите денот што е пред вас. Одлично ќе се справувате со административни задачи и работа со документи, па подобро е прво тие обврски да ги прешкртате од вашиот список. Во втората половина од денот ќе бидете порелаксирани и желни да бидете меѓу многу луѓе.

 




Коментари

[fbcomments]