СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (11 ОКТОМВРИ, 2018)

Стрелец

На работа обидете се да не ви стане навика да не ги завшувате обврските и најдете мотивација која ќе ве води понатака. Потрудете се да ги избегнувате оние кои ја користат вашата љубезност, а кога веќе тоа ќе го сфатите предоцна, утешете се со омилената литература, музика или присуството на искрениот пријател.

Јарец

Сериозноста и професионализмот треба да бидат ваши главни одлики денес. Внимавајте на секој збор што ќе го кажете, затоа што голема е веројатноста некоја ваша забелешка да повреди некого, иако тоа нема да ви биде намерата. Бидете цврсти кога станува збор за тоа што сакате од врската.

Водолија

Вие знаете како да уживате во животот, па не е ни чудо што во секој момент наоѓате убавина и надеж. Енергични сте, имате богата фантазија, ги цените правилните вредности и знаете да бидете оптимисти. Иако не ве заобиколуваат разочарувањата и тешкотиите, сепак знаете да воспоставите лична контрола. Одлична помош ви се уметноста, природата и домашните миленици.

Риби

Лесно е да ве повредат, затоа што сте чувствителни и склони кон промена на расположението. Но, во моментите кога најголемата тага ве обзема, планирате како да се извлечете, што е добар почеток. Гледајте на работите и од поинаков аспект, обидете се да разберете дека се е со причина и научете се да се надевате на подобро.




Коментари

[fbcomments]