Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (20 СЕПТЕМВРИ, 2018)

Овен 

Вие имате многу вештини и различни способности. Во текот на денешниот ден би можело да се потсетите на некои креативни способности што не сте ги користеле одамна. Пуштете ја вашата фантазија и дозволете си креативноста да излезе од вас. Истиот потенцијал би можел да делува стимулативно и на интимно и сексуално поле.

Бик

Чувствувате наплив на емоции и имате внатрешни немири и не сте способни за правилна проценка на ситуацијата, па затоа е зголемена можноста за лоши одлуки и избори. Олабавете се и потсетете се на вашите целни категории.

Близнаци

Во текот на овој ден ќе имате тенденција да анализирате некои постапки од минатото или ќе ги барате мотивите на некои луѓе за нивните однесувања и акции. Можеби ќе дојдете до заклучок дека треба да го промените ставот кон некои работи или личности?

Рак

Честите промени во расположението ќе ве натераат позадлабочено да анализирате некои ситуации и моменти, кои ги сметате одговорни за тоа. Втората половина од денот ќе биде подинамична од првата. Прифатете ги поканите за излегување и уживајте со вашите пријатели.

 

1 2 3

Прегледи:
880
Ознаки:
· ·
Објавено на:
19.09.2018