СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПЕТОК (26 ЈАНУАРИ, 2018)

Овен

Имате еден доста чуден период пред себе кога може да се дружите или да бидете во контакт со личности за кои најпрво ќе мислите дека не се многу значајни за да увидите подоцна дека се значајни и тоа многу, некои пријатели можат да прејдат во непријатели, поради лаги кои ве довеле во непријатна ситуација.

Бик

Ова ќе биде одличен петок за вас, ќе почувствувате некаква среќа која ќе ве разнежни. Некој ќе ве потсети на убаво поминатото време во минатото а вие ќе бидете веднаш подготвени да му се вратите на тоа време. Но обврските и работните задачи нема да ви го дозволат тоа. Денес постои шанса да запознаете личност од која ќе зависи вашата деловна иднина.

Близнаци

Некаков проблем за кој сте мислеле дека е минато повторно ќе се појави, но вие овојпат нема многу да се ангажирате за неговото повторно решавање. Оставете им го на соработниците и колегите кои немаат толку обврски, а вие расчистувајте го бирото од натрупаните документи. Ова е неповолен ден за инвестирање, земање кредит и склучување на договори.

Рак

Некој договор кој ве обврзува секој месец да инвестирате во нешто ви задава големи проблеми во семејството. Обидете се да го промените тоа, и откажете се од помошта која досега сте му ја давале на некој пријател. Закажете деловен состанок на кој ќе бидат потцртани клучните нешта на кои треба да се работи. Ви недостасува време за пријателите, најдете малку слободно време и излезете со нив.

 




Коментари

коментари