Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПЕТОК (30 НОЕМВРИ, 2018)

Стрелец

Ќе имате големи побарувања за многу нешта и нема да имате трпение да ги чекате да се остварат. Сето тоа ќе ви донесе кавги со околината. Многу лица јавно ќе ве осудат за постапките и алчноста. Некои Близнаци или Девица се премногу напорни за вас, разговарајте искрено со нив.

Јарец

Ќе бидете подготвени за компромис и договор со некој Стрелец, со кој веќе подолго време планирате заедничка инвестиција. Можеби некои ваши постапки ќе бидат избрзани, но ќе го надминете и тоа. Во љубовта ситуацијата е одлична, можен е премин на нешто посериозно.

Водолија

Имате премногу планови но всушност сте премногу опуштени или несигурни во себе и се сомневате дали е можно вашите планови и соништа да се остварат. Би требало да бидете подготвени на секој вид предизвик, особено кога станува збор за соработка со Стрелец, Лав или Шкорпија. Некој Јарец ќе ви даде одличен совет.

Риби

Не знаете што треба да направите во врска со некои нови понуди кои за вас се голем предизвик, но сепак со помош на партнерот ќе најдете одлично решение. Ако сте подготвени да ризикувате, ви претстои некој план со Стрелец или Лав. Можен е повик од некој кој многу го цените а не сте го виделе одамна.

1 2 3

Прегледи:
1369
Ознаки:
· ·
Објавено на:
29.11.2018