Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПЕТОК (31 АВГУСТ, 2018)

Стрелец

Можеби денес ќе ве огрее некаква среќа што се однесува до парите, можеби тоа ќе биде платата или пак некои ветени средства што сте ги очекувале. Сепак, внимавајте на вашите финансии, лошо ги распределувате. Вашите соработници се задоволни од вашето учество во важните проекти, продолжете така.

Јарец

Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта.

Водолија

Мистериозни сте и вашите чувства не сакате да ги покажете на другите. На почетокот ќе се заинтересираат за што станува збор, но ако сте премногу упорни во неоткривањето, лесно ќе се оддалечите од нив. Ако сакате да постигнете квалитетна врска, без разлика дали е работна или пријателска, треба да разговарате со таа личност. Премногу сте ладнокрвни.

Риби

Промените се на чекор од вас, но сепак немате доволно информации кои ќе ги донесат промените и затоа не знаете дали треба да се радувате. Важно е да знаете што добивате од овие промени кои следат. Можеби нема целата работа да функционира на начинот на кој сакате. Меѓутоа, многу нешта може да бидат онака како што сакате, ако работите напорно и доволно.

1 2 3

Прегледи:
873
Објавено на:
30.08.2018