Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПОНЕДЕЛНИК (23 АПРИЛ 2018)

Овен 

По утрото се познава денот, па така уште рано наутро ќе добиете некакви добри вести. Инвестирајте во себе и во своето тело и почнете да вежбате. Вечерва излезете и облечете го вашиот најсекси фустан. Сите погледи ќе бидат вперени кон вас.

Бик

Имајте на ум дека сите моментални проблеми можат да се решат во присуство на блиска личност, не потпирајте се само на себе. Конечно, желбата за долгоочекуваниот повик од некоја личност ќе ви стане реалност. Можно е да ве покани на кафе. Среќно!

Близнаци

Ве очекува емоционален повик од некој близок пријател, кој има многу грижи. Излезете му во пресрет и поканете го на ручек, после завршувањето на работното време. Што се однесува на љубовта, бидете внимателни, не верувајте им премногу на додворувачите.

Рак

Прифатете го фактот дека денес едноставно не е ваш ден. Наместо да се преоптоварувате со тоа и да се нервирате затоа што извршувањето на дадените задачи не ви оди од рака, подобро би било да се одморите. Некоја добар филм секогаш решение за стресот. Релаксирајте се!

Продолжува на страна:  1  3

1 2 3

Прегледи:
756
Ознаки:
· ·
Објавено на:
22.04.2018