СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (10 ЈУЛИ, 2018)

Овен 

Вашите напори да се организирате и да истражувате, денес ќе вродат со плод, бидејќи покажувате истрајност, издржливост и концентрација. Способноста да ги забележувате деталите ќе ви овозможи да завршите многу работа во текот на денот. На крајот ќе бидете задоволни од постигнатото.

Бик

Многу подобро ќе се чувствувате ако зборувате од срце и со страст, дури и тоа да значи дека ќе треба да се соочите со многу противници. Подобро тоа, отколку да продавате лажна насмевка и принудно да климате со главата, само и само за да бидете прифатени од мнозинството.Цврсто бранете ги вашите ставови и верувања, колку и непопуларни да се тие.

Близнаци

Денес ќе почувствувате огромно олеснување по споделувањето на долго чувана тајна. Дозволете си да бидете поотворени пред личностите кои ги нарекувате доверливи.Известувајте ги луѓето за вашите планови предвреме, за да испадне сè како што вие сакате.

Рак

Семејните прашања и околности се во центарот на вашиот интерес и анализа. Средете ги сите неопходни работи за да бидете подготвени за вашето летување. Кај некои од вас се појавува лепеза од емоции и потреба за подлабоко емотивно исполнување. Слободните Ракови ќе имаат различни можности за нова врска.

 




Коментари

коментари