СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (27 НОЕМВРИ, 2018)

Овен

На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците. Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.

Бик

Околината ве повредува. Тоа е причина за крајниот негативен став, кој овие денови ве обзема. Доколку се дистанцирате, постои шанса да го ублажите незадоволството. Материјалната загуба негативно ви влијае на мотивацијата. Чувствувате дека сите ве изневериле, особено соработниците.

Близнаци

Сѐ е во знакот на успешна деловна соработка и прекрасни контакти. Ја имате поддршката на Стрелците, кои единствено во ваше друштво не се незгодни. Со некого се допишувате и ги планирате идните случувања. Бидејќи се уште имате нерешени проблеми, почекајте уште некој ден за да ја донесете конечната одлука.

Рак 

Ќе бидете победник со сите вербални дискусии, бидејќи ќе пронаоѓате солидни аргументи и ќе имате голема моќ за убедување. Искористете ги следните три седмици за преговори, важни презентации или отворени разговори за напредување во кариерата. Внимавајте на здравјето и започнете со важбање.

 




Коментари

коментари