Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 1 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Полни сте со енергија. Вашите ум е преоптерен со работа, обидувајте се да не се преморувате премногу и чувајте го вашето ментално здравје. Вашите сопствени принципи ве водат на вистинскиот пат, некои од вашите соништа кои ги имате се малку нереални.

БИК
Вашиот моментален фокус во животот е целосно да се посветите на здравјето и да останете во добра физичка состојба. Можеби ќе бидете ставени на тест каде ќе морате да покажете цврстина и решителност. Обидете се да ги држите вашите чувства под контрола, сега не е вистински период за да делувате емоционално.

БЛИЗНАЦИ
Ви се случуваат некои откритија, барате одговори кои се многу поблиску до вас отколку што мислите. Бидете добри спрема себеси затоа што многу лесно можете да бидете понесени од емоциите од нештата кои ќе ги откриете. Поребната стабилност и поддршка пристигнува. Можно е склучување на ново партнерство.

РАК
Денес сите одговори кои ви се потребни се наоѓаат под површината. Можно е да имате некои чудни соништа и визии кои ќе разбудат чувства кај вас. Бидејќи сте водени од месечината, ќе реагирате премногу бурно на некои нешта. Вашиот фокус треба да остане да реалноста и она кое зависи само од вас.

ЛАВ
Фокусирани сте на вашите цели и амбиции. Сметате дека вашите надежи и желби кои ги држите цврсто полека почнуваат да стануваат залудни. Поврзете се со драги луѓе и пријатели кои ќе ви дадат чувство на среќа и задоволство, само така ќе можете да верувате повторно во себеси и то аќе ви помогне да го задржите фокусот.

ДЕВИЦА
Пред вас полека се чисти патот до целта која сакате да ја постигнете. Се отвораат нови перспективи, космосот ви е наклонет и се ќе се одвива онака како што посакувате. Денес е идеален ден за потпишување договори и документи, правење на компромиси и започнување нови проекти.

ВАГА
Енергијата ви е на највисоко ниво, пред вас имате многу предизвици кои ќе треба да ги надминете. Можеби вашата перспектива околу некои нешта ќе биде променета иако тоа можеби нема да ви биде пријатно. Се обидувате да го одржите животот под контрола, но некои нешта полека ви се испуштаат. Треба да бидете подготвени на секакви ситуации.

ШКОРПИЈА
Љубовта ви е вашата најголема мотивација во моментов. Бидете нежни спрема себеси затоа што новите чувства кои ќе ви се разбудат можеби ќе бидат премногу интензивни. Вашата креативност моментално е на врвот и треба да го искористите тој миг. Имате енергија за да ги завршувате сите работни обврски.

СТРЕЛЕЦ
Се обидувате да балансирате помеѓу слободата и стабилноста во домот, тоа ви претставува особен предизвик. Партнерствата кои сте ги склучиле во минатото сега покажуваат добри резултати. Емоциите ви се особено изразени, а тоа доведува до некои конфликти во домот. Ќе морате да се посветите на партнерот малку повеќе.

ЈАРЕЦ
Полни сте со самодоверба и тоа секогаш ве држи главни во игра. Вашата работна околина ве предизвикува и тоа понекогаш прави да се чувствувате како да се надминувате себеси. Вашите природни интереси ве водат и ве инспирираат. Лунарната еклипса донесува особена изразеност на емоциите. Нешто ќе почне да се движи напред.

ВОДОЛИЈА
На работ сте да направите некои големи промени, некои од нив сте ги чекале долго и ќе ви донесат доста позитивни нешта. Се поблиску сте до откривање на вашата цел. Можно е да имате некоја драматична ситуација во вашиот живот која ќе бара од вас да останете присебни. Вашата инспирација ви помага да ги реализирате сите ваши проекти.

РИБИ
Брзате за да постигнете се, балансирате помеѓу работата, љубовта и семејството и тоа ви оди тешко. Некои одамна потиснати емоции ќе испливаат на површина и нема да ви биде лесно да се соочите со нив. За среќа ја имате поддршката која ви е потребна, грижете се за себеси повеќе.

Прегледи:
1563
Објавено на:
30.11.2020