СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 1 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

Лавовите треба да внимаваат на своите финансии и претераното трошење, за Водолиите денес е идеален ден да се опуштат, а Биковите ќе мораат да се ослободат од сето она кое ги кочи во секојдневниот живот..

ОВЕН
Неочекувани препреки ќе излезат неочекувано на вашиот пат. Но немојте да паничите. Тоа не е лоша среќа, само потсетување да го успорите вашето темпо и да здивнете. Напредокот кој долго го очекувате се наоѓа пред вас, очекувајте напредување до 29 Септември. Искористете го овој ден за да размислите добро за вашиот следен чекор.

БИК
Ќе морате да откажете некое ваше патување и да преиспитате некој план на професионално ниво. Време е да се ослободите од сето она кое ве кочи во секојдневниот живот. Вие сте личност која поседува свои одредени навики и понекогаш вашиот ум работи многу побрзо од тоа што вашето тело може да престигне. Искористете го овој ретрограден период да се ослободите од нештата од минатото кои ви го отежнуваат секојдневието и да се насочите кон иднината.

БЛИЗНАЦИ
Иако важите за социјална пеперутка која е постојано зборлеста и енергична, време е да ги ставите вашите крилја на краток одмор, започнувајќи од денес. Време е да се посветите на себе. Можеби сеуште не забележувате колку очајно вашата душа бара од вас да се исклучите од секојдневните обврски кои ве преоптеретуваат и да си дадете малку пауза и одмор, а сега е вистинскиот период за тоа.

РАК
Денес е ден кога морате да се посветите на подлабоко размислување за нештата кои ве опкружуваат. Можно е да посакувате подлабоко поврзување и чувство на поголема сигурност со вашиот партнер. Многу Ракови во овој период ќ се чувствуваат дека мораат да прават компромиси на љубовен план. Бидете внимателни пред да прифатите сешто, размислете добро.

ЛАВ
Претерано трошење може да ве доведе до проблеми. Ако чекавте некој знак кој ќе ви даде до знаење дека е време да се ослободите од својата лоша навика – ова е тој!
Време е да се посветите на вашето здравје, тело и благосостојба. Денес е одличен ден да започнете со тренинзи кои долго време ги одложувате. Еднаш кога вашето тело ќе го почувствува движењето ќе почнете повторно да се чувствувате енергично и активно.

ДЕВИЦА
Ако сте одложиле некој креативен проект поради тоа што сте се препуштиле на некоја романтична авантура, сега е време да се вратите назад во колосек. Поставете реалистични очекувања. Престанете да се трудите да ги пронајдете одговорите на сите прашања и препуштете се на спонтаноста.

ВАГА
Ако некои деловни работи ве прават да се чувствувате неорганизирано и без баланс, денес е идеалниот ден да доведете се во совршен ред. Ако сте избегнувале одредени разговори со вашето семејство, сега е идеалниот период да ги изнесете на површина. Можеби ќе посакате да избегнете разговор околу поделбата на одредени активности, но не плашете се и отворено зборувајте за вашите планови кои веројатно можат да подобрат многу нешта.

ШКОРПИЈА
Внимавајте на вашите реакции на вербално ниво, можеби реагирате премногу бурно на некои обични нешта. Вашите зборови имаат голема тежина и можат да имаат трајни последици, добро размислете пред да кажете нешто. Кога ќе почувствувате наплив на негативни чувства, насочете се на нешто кое ве опушта и ви го намалува стресот.

СТРЕЛЕЦ
Наместо да размислувате за тоа што губите кога вложувате во вашите цели, размислувајте за тоа колку повеќе ќе добиете, не се изгледа толку негативно. Внимавајте на вашите навики на трошење и бидете порационални со вашите финансии затоа што од нив зависи вашиот успех и остварувањето на вашата посакувана цел. Останете мотивирани, не плашете се да сонувате големо.

ЈАРЕЦ
Вие сте одлични во поставување и остварување цели, но сега е одличен период да застанете и да направите евалуација на тоа кои се вашите долгорочни планови. Овој период е одличен за да направите ретроспектива на вашиот развој. Помеѓу вашите приоритети на деловен план не заборајвате да си посветите време и на себеси.

ВОДОЛИЈА
Ако сте чекале поволен период да здивнете од работата и да се посветите на сопствените желби, денес е одличен ден за тоа. Времето за самите себе ќе биде вистинско освежување за вашите мисли и ќе направии да се преиспитате себеси и вашите желби. Сега е идеален период да се псоветите на медитација и спиритуална практика.

РИБИ
Можно е да забележите некои пропусти во некој ваш проект или нешто на кое сте работеле долго, но немојте да трошите време на нивно исправање. Некои нешта не изгледаат толку лошо колку што мислите. Оставете ги другите да превземат одговорност за сопствените акции а вие продолжете да се фокусирате на себеси и сопствената работа.




Коментари

[fbcomments]