Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

Денес Раковите не смеат да се изложуваат на трошоци, Рибите конечно ќе здивнат од преголемата работа, а Шкорпиите ќе ги воодушеват сите со извршувањето на некоја задача..

ОВЕН
Денес ќе бидете доста напнати. Луѓето околу вас ќе бидат доста критични и непријатни. Односите со некој надреден (шеф или родител) ќе бидат строги. Бидете трпеливи и не влегувајте во конфликти. Немојте премногу да се потпирате на интуицијата денес

БИК
Упорноста денес е вашата најдобра стратегија. Бидете упорни во некоја работа, другите ќе ве поддржуваат во вашето размислување. Дури и ако не ги добиете посакуваните резутати, ќе бидете задоволни затоа што сте дале се од себе.

БЛИЗНАЦИ
Ако на љубовен план нештата веќе долго време не оделе како што треба, денес е одличен ден да вратите се на вистинскиот пат. Разговорт е клучот кога се во прашање чувствата. Немојте да ја препуштате вашата работа или образование на среќата, бидете посветени.

РАК
Денес обрнете внимание на вашите финансии, немојте да давате позајмици, можно е да бидете во загуба. Не потпишувајте никакви финансиски договори и стојте понастрана од импулсивно трошење. На некој ваш близок во семејство му претстои брилијантен успех кој ќе ве усреќи и вам.

ЛАВ
Денес ќе ја имате поддршката од сите околу вас, но една личност која поседува авторитативност ќе негодува. Обидете се да и ја освоите довербата. Бидете пофлексибилни кога се во прашање љубовните односи. Вашиот партнер има потреба од вашето внимание.

ДЕВИЦА
Деенс ќе биде значително подобар ден ако претходно сте искусиле доста напорни и непријатни денови. Ќе имате слобода да здивнете и конечно да се посветите на себеси. Внимавајте на вашите реакции на нечии зборови, немојте да земате се при срце.

ВАГА
Денот ќе ви започне стресно и во брзање, ќе сакате да завршите повеќе обврски наеднаш. При крајот на денот стресот ќе се намали и ќе можете да опуштите. Останете смирени. При крајот на денот ве очекуваат добри  вести кои ќе ве расположат.

ШКОРПИЈА
Некој во вашето опкружување очекува да потфрлите во некоја задача, за среќа вие ќе го направите токму спротивното, ќе ги изненадите и воодушевите сите. Немојте да слушате ничиј совет, водете се според личното темпо. Вложете поголем труд во некоја работа.

СТРЕЛЕЦ
Денес сонцето и месечината се судираат во вашиот знак а тоа значи дека ќе бидете контрадикторни самите кон себеси. Можно е да бидете во недоумица околу некоја работа. Ќе ги оставате нештата недовршени. Немојте да слушате нечии негативни коментари упатени на ваша сметка, само се обидуваат да ви го одвлечат вниманието од постигнувањето на успех.

ЈАРЕЦ
Денес ќе бидете склони кон импулсивно трошење. Во главата ќе ви се врти мислата „морам да го купам“ за нешта кои нема да ви бидат вистински потребни. Некој ќе ви помогне да донесете некоја одлука. Доколку треба да донесете конечна пресуда околу некоја работа, оставете го тоа за утре.

ВОДОЛИЈА
Вашата интуиција денес ќе ве наведе да направите погрешен избор. Ќе се покаете и ќе почувствувате разочарување. Комуникацијата со другите нема да е на најдобро ниво, стојте понастрана од вербални конфликти. Успехот кој долго време сте го очекувале, веќе почнува да се наѕира.

РИБИ
После неколку денови поминати во тотален хаос на работното место, конечно ќе можете да здивнете затоа што веќе голем дел од обврските сте ги завршиле и тие ќе вродат со успешен исход. Денес ви претстои продуктивен ден исполнет со добри вести. Вечерта опуштете се и прославете го вашиот труд.