СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10. МАЈ 2019 ГОДИНА

Лавот има важни планови кои во наредниот период ќе успее да ги оствари. Шкорпијата посакува промена на работното место, Водолијата не е доволно посветена на партнерот.

ОВЕН

Можеби ќе направите некоја грешка на деловно поле. Внимавајте брзоплетоста да не ве чини многу. Не ви е лесно да бидете сосема искрени во комуникацијата со партнерот. Проблеми со органите за варење.

БИК

Задоволни сте со она што го постигнавте досега кога станува збор за работата и сметате дека сте стигнале далеку со обзир на тоа од каде тргнавте. Можеби сте несигурни и партнерот тоа го забележува. Немате здравствени проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Важно ви е на работно поле да ги остварите зацртаните цели за да можете да напредувате. Ќе имате можност да се смирите со личноста која ја сакате. Може да се надевате на друга шанса. Посетете нутриционист.

РАК

Можеби не сте посветени на својата работа онака како што сакате да бидете и затоа можни се проблеми на финансиско поле. Ве очекува период во кој ќе имате некои проблеми и на љубовно поле. Добро би ви дошла рекреација.

ЛАВ

Имате важни планови кои во наредниот период сепак ќе успеете да ги остварите. Иако постојат луѓе кои не веруваат во вас. Саканата личност покажува големо ниво на љубомора кон вас. Поради тоа настануваат чести кавги. Проблеми со срцето.

ДЕВИЦА

Можеби ќе добиете нова понуда за работа која може да биде многу добра и корисна за вас. Љубовното поле се поместува во позитивна насока и ќе ви се појави личност со која ќе започнете нова врска. Проверете ја крвната слика.

ВАГА

Важно е да се потрудите околу работните обврски ако сакате да оставите добар впечаток кај своите надредени. Не сте задоволни со односот кој го имате со саканата личност. Често се расправате и имате големи отежнувања во врската. Проблеми со алергија.

ШКОРПИЈА

Посакувате промена на работното место. Не сте задоволни со ситуацијата и заработката и сметате дека можете повеќе од тоа. Комуникацијата со вашата симпатија од ден на ден станува сѐ подобра и наскоро следува врска со неа. Избегнувајте цигари.

СТРЕЛЕЦ

Можеби ќе добиете понуда за работа или заработка коха ќе ви биде примамлива. Ве очекуваат добри промени. Можеби размислувате зза прекинување на врската или развод. Проблеми со зголемен притисок.

ЈАРЕЦ

Имате шанса на финансиско поле за голема заработка. Посветени сте на работата и многу сте вредни. Пронајдовте личност која ви покажува дека со вас сака заедничка иднина. Можна е несоница.

ВОДОЛИЈА

Ќе бидете прилично напнати во деловното опкружување и поради тоа ќе имате некои проблеми. Не сте посветени на партнерот и тој ви го замерува тоа. Меѓу вас настапува период на оддалечување. Внимавајте на нервниот систем.

РИБИ

Промена на работното место е пред вас. Потрудете се да бидете мудри кога ќе ја бирате професијата. Љубомората која ја покажувате кон партнерот му пречи, а вие во некои ситуации не можете да се контролирате. Проблеми со забите.




Коментари

коментари