Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10. МАРТ 2020 ГОДИНА

На Бикот му се отвора можност да искористи некоја шанса, Девиците се сентиментални, за Водолиите ова е ден за забава.

Овен 

Денес е поволен ден за релаксација. Отидете на некој спа третман, или масажа, добро ќе ви дојде и ќе бидете изненадени од тоа како вашето расположение значително ќе се подобри. Вечерта искористете ја за добра забава и ширење познанства.

Бик

Денес инстинктивно ќе знаете како да постапите во одредени моменти, посебно во кризни ситуации. Ќе имате повторно можност да искористите некаква шанса за која претходно сте немале храброст.

Близнаци

Ако некој проба да ве искритикува, немојте да се плашите да се одбраните. Другите луѓе не се плашат да ви го кажат она што го мислат, па зошто ви би се плашеле. Бидете искрени со својот партнер и не кријте тајни од него.

Рак

Имате голема количина на ентузијазам која ви помага и ве турка напред. Затоа денес потрудете се таа позитивност да ја пренесете и на другите околу вас. Не избрзувајте со одлуките кои ги донесувате, некои од нив може да бидат против ваша корист.

Лав

Некој ваш пријател веќе некое време има одредени чувства кон вас, а денес можеби и ќе ви го признае тоа. Размислете добро за тоа и доколку и вие немате чувства за него, кажете му го тоа.

Девица

Спомените и емоциите кои длабоко ги имавте закопано, може да ве изненадате денес. Овие чувства сега за сега можеби ќе ви изгледаат како неважни, но помислете малку и откријте зошто баш сега се потсетувате на нив.

Вага

Денес ќе се чувствувате како нешто да не е во ред. Ќе имате емоционална криза во вашата врска, која ќе ја предизвикате самите вие. Не бидете премногу горди и извинете му се на партнерот.

Шкорпија

Ќе бидете среќни кога одредена сума на пари ќе стигне до вашите раце, па денес е вистинскиот ден за оној шопинг кој мислевте да го реализирате веќе цела недела. Во вечерните часови подгответе некој од вашите познати специјалитети и поканете ги пријателите.

Стрелец

Искористете го убавиот ден до максимум. Шетајте и посетете ги пријателите. Во вечерните часови очекувајте повик кој ќе ве вознемири од некоја личност која порано ви била блиска.

Јарец

Постои некоја напнатост во воздухот. Таа напнатост ќе ви ја предизвика караницата со партнерот, или со некој член од вашето семејство. Потрудете се да ја регулирате вашата агресивност.

Водолија

Работите полека се подобруваат. Имајте трпение и сѐ ќе се врати во нормала. Денес е ден за забава. Дури и да не планирате да излезете, неочекувано ќе добиете понуда. Не пропуштајте ја, оваа вечер ќе се претвори во најдобрата вечер.

Риби

Ќе бидете разочарани од некој ваш близок, кој наместо да ви помогне после побараната помош, само ќе ви направи уште поголем хаос во мислите. Можеби е време да се потпрете на себе и да ги преземете работите во свои раце.

Прегледи:
865
Објавено на:
09.03.2020