Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13. СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Бикот се чувствува одлично, Ракот влегува во конфликти, Јарецот се расправа, Водолијата пати од несоница.

ОВЕН

Подарете си себеси можност малку да одморите од напорното темпо во кое се наоѓате некој период. Наоѓате љубов покрај саканата личност и задоволни сте од вашиот однос. Внимавајте на срцето.

БИК

Конечно ќе можете да ставите точка на некоја работа која ви претставува оптеретување. Отворено покажувате емоции кон личноста која ви се допаѓа и полека доаѓа до зближување. Одлично се чувствувате денес!

БЛИЗНАЦИ
Ќе бидете задоволни со ситуацијата на работното место. Околностите се добри и доаѓате лесно до успех. Подготвени сте за нови случувања кога станува збор за љубовта. Ве очекува можност за запознавање нова личност. Можни се проблеми со забите.

РАК

Нема причина да драматизирате. Обидете се да се соберете и рационално да донесете нови одлуки. Склони сте кон конфликти со партнерот бидејќи сте напнати и нервозни. Неповолен период за љубов е пред вас. Низок притисок.

ЛАВ

Пред вас е еден добар ден во кој ќе успеете да завршите важни деловни обврски. Саканата личност ви е посветена и ве очекуваат многу убави моменти со неа. Можна е главоболка.

ДЕВИЦА

Ве очекува поволна фаза кога станува збор за работата. Може да се надевате на добри околности на овој план. Љубовната ситуација е променлива кај вас и никогаш не сте сигурни на што сте со партнерот. Потребна ви е медитација.

ВАГА

Можно е во деловното опкружување да постојат проблеми кои ве оптеретуваат во поголема мера. Лесно би можело да дојде до прекинување на љубовната врска која кај вас предизвикува незадоволство. Можни се проблеми со стомакот.

ШКОРПИЈА

Избегнувајте носење важни одлуки денес. Можно е да направите погрешни проценки. Во своето блиско опкружување ќе дојде до познанство со личност со која ќе започнете флерт и врска. Проблеми со дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ

Неповолна ситуација за финансии денес. Потрудете се да избегнувате поголеми трошоци и очекувања. Пред вас е фаза во која ќе имате многу позитивни промени во вашата емотивна врска. Проблеми со тироидната жлезда.

ЈАРЕЦ

Избегнувајте преголемо напрегање кога станува збор за работата, денешниот ден не е поволен за форсирање. Помеѓу вас и саканата личност доаѓа до кавги и некои тешки зборови. Ве очекува неповолен период. Посетете доктор.

ВОДОЛИЈА

Постојат проблеми во вашето деловно опкружување со кои ќе мора да се позанимавате посериозно. Прекинувањето на врската со личноста која ја сакате е тешко за вас и потребно ви е време да се залечат раните. Проблеми со несоница.

РИБИ

Пред вас се фаза во која ќе успеете да дојдете до остварување на деловните обврски и амбиции. Водите борба сами со себе кога станува збор за љубовта и не знаете за која личност да се одлучите. Можни се проблеми со нервниот систем.

Прегледи:
576
Објавено на:
12.09.2019