Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14. ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА

Овенот има многу обврски, Девицата очекува прилив на пари, Стрелецот ќе има проблеми на работа.

ОВЕН

Имате прилично многу обврски пред себе. Потрудете се да бидете поорганизирани и смирено да и пристапите на работата. Ве очекуваат помали несогласувања со саканата личност со која имате различни ставови. Проблеми со забите.

БИК

Ве очекуваат нови случувања на работно поле, пред вас се промени какви посакувате подолго време. Вашиот однос со саканата личност може да дојде до прекин, сосема ненадејно. Можни се проблеми со аритмија.

БЛИЗНАЦИ

Ве следи среќа на сите полиња и задоволни сте. Деловната страна ви е одлично прикажана во текот на денешниот ден. Пред вас е можност да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Одлична здравствена состојба.

РАК

Доколку се занимавате со приватен бизнис, може да се надевате на мало подобрување во наредниот период. Саканата личност ви покажува дека се грижи за вас. Ве очекува поволна фаза за емоции. Избегнувајте внесување на шеќер.

ЛАВ

Може да се надевате на позитивен одговор кога станува збор за напредувањето на работното место. Ќе бидете задоволни. Кога станува збор за љубовта, не ви е лесно да остварите она што имате во план. Болки во грлото.

ДЕВИЦА

Ви доаѓа неочекуван прилив на пари. Ќе бидете задоволни со околностите на ова поле. Живеете мирен брачен живот и со партнерот имате сѐ што ви е потребно. Сметате дека сте направиле многу добар избор. Водете сметка за забите.

ВАГА

Потрудете се да ги подобрите односите во деловното опкружување ако сакате да го остварите напредокот кој сте го имале во план. Можно е саканата личност да ви соопшти некои лоши вести. Можна е главоболка.

ШКОРПИЈА

Доколку планирате патување, ве очекува одлична фаза. Може да се надевате на развој на нови деловни соработки. Ви се допаѓа личност која покажува интерес кон вас. Добро се чувствувате во своја кожа.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е неповолен ден. Можеби ќе имате проблеми на деловно поле во наредниот период. Може да очекувате интересни случувања на љубовно поле. Пред вас е ново познанство. Потребна ви е масажа.

ЈАРЕЦ

Можно е да потпишете договор кој ќе ви биде прилично значаен на полето за финансии и работа. Може да се надевате на сериозна врска во наредниот период. Личноста која ве интересира ќе покаже дека сака иднина со вас. Проблеми со грбот.

ВОДОЛИЈА

Ќе имате можност да остварите компромисно решение поврзано за конфликт кој избил на работното место. Може да очекувате интересна комуникација со личност која ви се допаѓа. Бавете се со спорт!

РИБИ

Денешниот ден е поволен за работа, ако почнете нови проекти ќе бидете многу задоволни. Иако имавте сомнежи поврзани со партнерот, ќе се уврите дека вашиот однос може да биде добар. Проблеми со циркулација.

Прегледи:
743
Објавено на:
13.02.2020