Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14. ЈУНИ 2019 ГОДИНА

За Близнаците не е поволен ден за нов почеток на деловно поле, Вагата е многу сталожена, Јарецот е конечно задоволен.

ОВЕН

Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста која ви се допаѓа. Ако сте во врска, задоволни сте. Избегнувајте цигари.

БИК
Загрижени сте за ситуацијата на работното место и се чини дека за некои работи не постои адекватно решение. Емотивната криза која ја имате во односот со партнерот ќе остави длабока трага на вас. Проблеми со хормоните.
БЛИЗНАЦИ
Не е поволен ден за било каков почеток ниту за промени на работното место. Саканата личност на некој начин се сомнева во вашите емоции или ќе покаже дека не ви верува доволно. Можна е главоболка.

РАК

Немате премногу работа и генерално сте опуштени денес. Ќе имате можност да решите некои важни работи. Ве очекува ново познанство кое за вас ќе биде многу значајно. Пред вас се убави емотивни моменти. Ногите ви се чувствителни.

ЛАВ

Ве очекува поволен период и на работно поле ќе заземете став кој ви одговара и ќе се борите за своите цели. Ќе уживате во убавите моменти. Партнерот ќе ви пружи многу нежност и љубов. Нервниот систем ви е чувствителен.

ДЕВИЦА

Пред вас е ден во кој ќе имате некои кочници на деловно поле, како да не можете да решите некои работи. Љубовната ситуација не може лесно да се дефинира кај вас, бидејќи постои некоја комплицирана врска. Проблеми со кичмата.

ВАГА

Може да очекувате многу мирен ден кога станува збор за работните обврски. Ќе имате можност за познанство со личност која на прв поглед изгледа интересно. Вежбајте и тренирајте.

ШКОРПИЈА

Ве очекува нов план на работно поле. Започнување на нов деловен проект кој за вас ќе биде многу значаен. Лесно доаѓате до нови познанства но сѐ уште не сте сретнале личност која сметате дека е вредна за вашето внимание. Спијте повеќе.

СТРЕЛЕЦ

Важно е да се посветите на деталното решавање на проблемите за да имате пред себе што повеќе слободно време. Имате големи проблеми во односот со партнерот кој е многу љубоморен. Минлива настинка.

ЈАРЕЦ

Ќе ви се исплати сѐ она што сте го вложиле во вашата работа претходниот период. Конечно ќе бидете задоволни. Пред вас е поволен период во кој ќе бидете задоволни со односот со саканата личност. Одлично се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува комуникација со личност од која ќе добиете деловна понуда. Треба да ги прифатите промените. Не ви е лесно да ставите точка на љубовта која долго траеше. Имате чувство дека ве следи малер. Проблеми со главоболка.

РИБИ

Мотивацијата ви е во минус и немате доволно сила да се носите со своите обврски кои ве очекуваат на ова поле. Тешко ви е да покажете емоции кон личноста која ви се допаѓа. Проблеми предизвикани од стрес.