СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14. МАЈ 2019 ГОДИНА

Стрелецот е разочаран, Рибите имаат нова работа, Бикот има врска на далечина, Шкорпијата ќе се смири со партнерот.

ОВЕН

Можеби ќе имате повеќе обврски од што сте навикнале и нема да ви биде лесно да излезете на крај. Доколку сте слободни, може да очекувате почеток на нова љубовна врска која би траела долго. Помали проблеми со срцето.

БИК

Ве очекува поволен ден за работа особено ако планирате да менувате некои одлуки или работно место. Се ближи почеток на врска на далечина. Иако мислите дека можеби не сте за тоа, чувствата ве водат во таа насока. Проблеми со стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате дека успешно ќе ги решите проблемите кои ги имате на работа. Некои од колегите ќе ви помогнат во тоа. Лесно носите нови одлуки и подготвени сте да и дадете уште една шанса на саканата личност. Поволен период за опоравување.

РАК

Имате можност на финансиско поле да остварите успех. Може да се надевате на нови работни понуди. Се потпирате на саканата личност и важно ви е да ви ја докаже љубовта која ја чувствува кон вас. Добро се чувствувате. Немате проблеми со здравјето.

ЛАВ

Може да очекувате позитивни промени на деловно поле денес. Пред вас е период во кој ќе ве прати среќа. Потрудете се да направите убава атмосфера за саканата личност и да ја подобрите комуникацијата. Проблеми со главоболка.

ДЕВИЦА

Можеби не сте подготвени да се откажете од работата која не ви оди и нема да се откажете додека не остварите некој напредок. Ви се допаѓа личност која ја познавате од порано. Можеб постои и некој трет. Проблеми со циркулација.

ВАГА

Бидете доволно отворени во контактот со деловните соработници ако сакате да остварите конструктивна атмосфера на работа. Ќе имате можност да запознаете личност која ќе ви изгледа како остварување на вашите соништа. Проверете го холестеролот.

ШКОРПИЈА

Се препорачува да водите сметка за заработката која е важна за вас. Потребно е малку повеќе да се посветите на својата работа. Не ви е лесно да се смирите со партнерот, иако го посакувате тоа. Намалете го внесувањето на алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Обидете се да се занимавате со работи кои ги сметате за приоритетни и не губете време на некои безначајни нешта. Саканата личност покажува маани кои вешто ги криеше од вас, па малку сте разочарани. Чувствителна кожа.

ЈАРЕЦ

Нестрпливи сте и не ви е лесно да го почекате вистинскиот момент за да ја направите работната промена која ја посакувате. Не сте задоволни од односот кој го имате со саканата личност и ви се чини дека секогаш вие се трудите повеќе. Пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Позитивна атмосфера владее на работното место и задоволни сте поради тоа. Може да се надевате на добар ден. Многу поволен ден за почеток на љубовна приказна која може да биде значајна. Хормонални промени.

РИБИ

Влеговте во нов бизнис во кој е потребно многу вложување и пари и енергија и труд за да опстане. Ново познанство е пред вас но вие како да не сте многу заинтересирани за тоа. Чувствителна бешика.




Коментари

коментари