СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14. ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

Бикот треба да внимава на исхраната, Ракот ќе ги реши сите проблеми, Водолијата има мали љубовни проблеми.

ОВЕН

Може да се надевате дека ќе бидете задоволни со деловната ситуација. Полека ќе го остварите напредокот кој го посакувате. Решивте со партнерот да остварите значајни промени во односот. Сосема добро здравје.

БИК

Може да се надевате на многу позитивни околности кои ќе ви донесат деловен успех. Преку интересната комуникација со личноста која ви се допаѓа може да остварите подобрување во љубовта. Избегнувајте масна храна.

БЛИЗНАЦИ

Ги решивте поголемиот дел од важните обврски кои ги имавте пред себе. Може да очекувате дека судбината ќе ви биде наклонета. Саканата личност ви е посветена и убаво ви е кога сте заедно. Внимавајте на бубрезите и мочните патишта.

РАК

Во текот на денешниот ден ве очекува поволен период за решавање на заостанатите обврски. На емотивен план би можеле да очекувате помали препирки во односот со саканата личност. Проблеми поврзани со крвотокот.

ЛАВ

Дојде моментот кога треба да се сконцентрирате на работните обврски и да им се посветите во наредниот период. Може да очекувате интересни случувања и ново познанство. Пред вас е поволен период. Внимавајте на градниот кош.

ДЕВИЦА

Функционирате под притисок на работа и не се чусвтвувате добро поради тоа. Ако сте слободни, можно е да имате нови познанства и можност за љубовни промени. Пад на имунитетот е нагласен кај вас.

ВАГА

Не ви е лесно да ги исполните сите очекувања на деловно поле. Можно е да сте пред големи задачи и одговорности. Ве очекува и ново познанство. Проблеми со белите дробови.

ШКОРПИЈА

Доколку се занимавате со приватен бизнис, ве очекува фаза во која ќе успеете да остварите подобрување на заработката. Брачниот партнер ќе покаже дека посакува некои промени во вашиот однос. Одлично се чувствувате и без проблеми во здравјето.

СТРЕЛЕЦ

Нема потреба да претерувате со притисокот на работно поле. Потрудете се да бидете малку пофлексибилни кон соработниците. Наскоро е можна врска со личност која ќе покаже дека има емоции кон вас. Потребен ви е сон.

ЈАРЕЦ

Финансиската ситуација постепено се подобрува и задоволни сте поради тоа. Ве очекува поволен период за работа. Пред вас е период во кој ќе имате помали потешкотии со саканата личност. Без проблеми во здравјето.

ВОДОЛИЈА

Може да се надевате дека ќе добиете помош од страна на личност на која и верувате. Ве очекува поволен период за работа. Доколку сте зафатени, можно е да имате некои помали проблеми во љубовта. Внесувајте повеќе витамини.

РИБИ

Неопходно е повеќе да и се посветите на работата. Пред вас е период во кој може да остварите значајни промени. Сонувате за личност која има емоции кон вас. Потребно ви е да бидете поотворени. Ве мачи несоница.




Коментари

коментари