СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15. АПРИЛ 2019 ГОДИНА

Водолијата е преморена, Рибите водат тешка борба со себе, Ракот се потпира на партнерот, Лавот се чувствува исфрустрирано.

ОВЕН

За сите личности родени во овој знак кои се занимаваат со приватен бизнис денешниот ден е многу поволен кога станува збор за заработката. Чувството на напнатост и предавство не ви дава мир. Тешко ви е да ја преболите старата љубов. Водете сметка за исхраната.

БИК

Толку сте преокупирани со случувањата во приватниот живот што ги запоставувате своите обврски. Премногу сте се опуштиле и сте престанале да преземате иницијатива за било што во вашата врска, а тоа партнерот ви го замерува. Можни се болки во грлото.

БЛИЗНАЦИ

Иако размислувате да ја промените работата, чувството на сигурност кое ви го овозможувасегашното место не ви дава така лесно да се одлучите на таков чекор. Не сте сосема сигурни што чувствувате кон вашиот партнер. Губиток на апетит.

РАК

Поради намалената концентрација и преголемиот замор правите повеќе грешки од обично. Денес е еден од вашите лоши денови. Се чувствувате како партнерот да ви единствената сигурност во животот. Проблемите со нискиот притисок може да ви донесат омалаксаност.

ЛАВ

Денес ќе имате потешкотии да дојдете до информацијата која ви е потребна поради што се чувствувате исфрустрирано. Моменталната состојба во вашата врска ви одговара и не сакате да менувате било што. Потребен ви е сон.

ДЕВИЦА

Добро сте расположени и сакате да раширите добра атмосфера во вашето работно опкружување. Ве очекува позитивен ден на работа. Доколку сте започнале нова врска, таа ќе биде долготрајна и многу значајна. Чувствителност во пределот на зглобовите.

ВАГА

Денес сте напнати повеќе од обично и склони сте кон непромислени и нагли потези. Внимавајте да не загрозите некој важен деловен проект. Саканата личност како да ви посветува помалку внимание, што ве повредува. Можно е вкочанување на некој дел од телото.

ШКОРПИЈА

Денес ќе ви пречи монотоната атмосфера и рутина во која сите работат. Ќе се обидете да направите некои промени. Ако сте во брак, може да очекувате убаво изненадување од својот партнер. Проверете го нивото на холестерол во крвта.

СТРЕЛЕЦ

Денес ќе бидете под поголем притисок и ќе имате повеќе работа од обично. Денот ви е исклучително поволен на ова поле. Можеби ќе остварите некое познанство кое во иднина ќе прерасне во врска. Одлично се чувствувате.

ЈАРЕЦ

Ова е добар период за подобрување на материјалната ситуација. Можно е да имате повеќе работа од обично. Имате многу доверба во саканата личност и таа ве мотивира да работите на себе. Избегнувајте преголемо внесување на шеќер.

ВОДОЛИЈА

Ви се насобра многу работа од претходно, а вашиот замор се акумулира. Денес е најдобро да одморите за да не колабирате. Многу сте вљубени и секогаш мислите на партнерот. Проблеми со главоболка.

РИБИ

Не ве чекаат никакви дополнителни обврски или големи пресврти. На работа денот ќе протече сосема мирно. Можно е да водите тешки внатрешни борби со себе, но не сакате никој да знае за тоа. Слаба циркулација.




Коментари

коментари