СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15. МАЈ 2019 ГОДИНА

Лавот има проблеми со концентрацијата, Овенот ужива со партнерот, Бикот е под стрес, Стрелецот ги преиспитува своите постапки.

ОВЕН

Ве очекува поволен ден. Доколку се занимавате со работа која е поврзана со помагањето на другите че имате среќа. Ве очекува добар однос со брачниот партнер. Задоволни сте. Немате поголеми проблеми со здравјето.

БИК

Пред вас е напорен ден. Можеби сте под стрес поради фактот што обврските ви се зголемуваат. Помало недоразбирање со личноста за која имате емоции може да го поремети вашиот однос. Проблеми со органите за варење.

БЛИЗНАЦИ

Напорната работа и труд кои ги вложивте на работното место конечно ви се исплатат. Пред вас е многу поволен период. Саканата личност треба да промени некои работи кај себе бидејќи вие нема да го толерирате тоа. Водете сметка за вашите заби.

РАК

Се наоѓате под притисок поради фактот што треба да завршите многу обврски за краток рок. Имате кавги со саканата личност, околу вас владее тензија. Може да очекувате пресврт на крајот од денот. Патите од главоболка.

ЛАВ

Вашата напнатост и недостаток на концентрација може да доведе до грешки на работното место. Ви се допаѓа личност за која не сте сигурни дека го чувствува истото за вас. Проблеми со циркулација.

ДЕВИЦА

Може да очекувате понуда за работа. Пред вас е фаза во која би можеле да добиете поголема заработка. Ве очекува флерт со личност која ќе ја запознаете преку пријател. Генерално добро здравје.

ВАГА

Ви се укажува можност да донесете одлука која ќе има многу важно влијание врз вашата иднина на работното место. На љубовно поле сѐ е совршено. Може да очекувате дека судбината ќе биде на ваша страна. Одлично се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Ова не е премногу поволен ден за вас и на работното место нема да биде сѐ онака како што очекувате. Следува интересна комуникација со саканата личност. Вртоглавица и низок притисок.

СТРЕЛЕЦ

Склони сте кон правење грешки на работното место и не ви е лесно да ги остварите своите цели. Нагло се менува односот помеѓу вас и саканата личност. Пред вас е период во кој ќе ги преиспитувате своите постапки. Помали срцеви проблеми.

ЈАРЕЦ

Имате впечаток дека моменталната ситуација на работното место не ви оди во прилог и дека постојат многу противници. Доколку сте во брак, можеби со саканата личност немате многу добар однос. Проблеми со стомакот.

ВОДОЛИЈА

Не носете одлуки денес за да не се каете подоцна. Бидете подготвени само за набљудување на ситуацијата. Гласините кои кружат околу вас не се сосема точни. Разговарајте со саканата личност за сѐ. Можни се проблеми со грлото.

РИБИ

Иако имате можност за напредување, има шанси да ја пропуштите поради недостаток на самодоверба која ве следи поради некои причини. Саканата личност че ви покаже дека е подготвена да направи сериозен чекор. Зголемен апетит.




Коментари

коментари