СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 17. МАЈ 2019 ГОДИНА

Лавот ужива во флертот, Бикот пати од несоница, Јарецот ја раскинува врската, Стрелецот ужива во животот.

ОВЕН

Денес чувствувате мала напнатост, па затоа водете сметка да не дојде до некои непромислени реакции. Не ви е лесно да донесете исправни одлуки на љубовно поле. Водете сметка за чувствителноста на очите.

БИК

Некои околности на работно поле се против вас и не знаете како да се поставите. Ќе ви се укаже можност за нова врска. Пред вас е поволен период на промени. Ве прати несоница, а потоа и замор.

БЛИЗНАЦИ

Обврските кои ги имате на работното место успешно ќе ги завршите. Може да очекувате добар ден пред себе. Може да се надевате на позитивни промени во односот со саканата личност. Немате проблеми со здравјето.

РАК

Може да очекувате добра комуникација во работното опкружување. Пред вас е сосема позитивен ден. Чувствата кои ги имавте кон саканата личност полека избледуваат и длабоко во себе чувствувате дека е крај. Посетете стоматолог.

ЛАВ

Среќата ве прати денес, па може да очекувате позитивни пресврти на работното место иако имавте проблеми. Уживате во флертот, но не сте подготвени да влезете во нова врска. Можеби имате некои лични несигурности. Здравјето е во ред.

ДЕВИЦА

Ве очекува можност за работа која ќе ви донесе голем напредок во иднина. Време е да поработите на тоа. Ви се допаѓа партнер кој е зафатен или некој кој носи со себе тајни од минатото. Генерално се чувствувате добро.

ВАГА

Пред вас се нови работни договори. Ќе бидете задоволни со околностите на работно поле. Може да се потпрете на својот партнер. Повеќе пати ви докажал дека искрено се грижи за вас. Проблеми со хормоните.

ШКОРПИЈА

Ве очекуваат голем број обврски кои може да ги постигнете ако се организирате на вистински начин. Ќе ја докажете својата способност и на себе и на другите. Потрудете се да и ги покажете своите чувства на саканата личност. Зголемете го внесувањето на витамини.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е поволен ден. Ќе ви се отвори можност за работа за која долго време сонувате. Доколку планирате средба со личноста која ви се допаѓа, ќе остварите една многу убава атмосфера. Одлично се чувствувате!

ЈАРЕЦ

Не сте многу задоволни со ситуацијата на работно поле, имате впечаток дека претпоставените не го ценат доволно вашето вложување и работа. Доколку сте се впушиле во авантура со помлада личност, наскоро следува раскинување. Избегнувајте алкохол.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате многу поволен ден. Доколку имате планови за промена на работата или било какви измени, сѐ ќе успеете да решите. Имате добар однос со личноста која ви се допаѓа. Здравјето е стабилно.

РИБИ

Иако сте загрижени, ќе успеете да ги решите проблемите на работното место. Може да очекувате добра ситуација. Нова љубов е пред вас. Време е да ја затворите вратата на минатото и да се посветите на новите можности. Пад на имунитетот.




Коментари

коментари