СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 18. АПРИЛ 2019 ГОДИНА

Рибите денес патат од главоболка, Водолиите ќе запознаат интересна личност, Овенот се чувствува добро, Бикот пати од несоница.

ОВЕН

Имате полошо расположение од обично и тоа може да предизвика одредени конфликти. Вашиот партнер постојано го менува расположението кон вас и тоа ве збунува. Не се чувствувате комфорно во толку турбулентна врска. Здравјето е во ред.

БИК

Во последно време криете многу од своето работно опкружување поради страв од конфликти. Се чувствувате растргнато помеѓу желбата да запознаете некој нов и носталгијата кон поранешниот партнер. Не сте некој кој лесно оди понатаму. Можна е несоница.

БЛИЗНАЦИ

Наредниот период ќе ви биде исполнет со обврски повеќе од обично. За да ги поднесете на вистински начин ќе мора многу добро да се организирате. Не сте најискрени кон саканата личност. Постои можност од инфекции на дишните патишта.

РАК

Доколку ве мачи некој проблем од минатото, денес е можно да направите голем чекор кон неговото конечно решавање. На вашиот партнер му е потребно време да сфати што точно сака од вашата врска. Можни се проблеми со стомакот.

ЛАВ

Очекувајте позитивен ден во кој ќе можете лесно да го остварите она што сте го замислиле, покрај потешкотиите. Можеби сте заинтересирани за една личност во знакот на Вага и ќе го направите првиот чекор кон неа. Одлично се чувствувате.

ДЕВИЦА

Денешниот ден ви носи некои проблеми какви што досега не сте имале и со кои не знаете како да се справите. Моментално љубовта ви е главен приоритет и подготвени сте на голем ризик. Очите ви се осетливи.

ВАГА

Успешни сте во својата работа и се гордеете со тоа. Вашите досегашни резултати ви се најголема мотивација да продолжите да се трудите. Многу сте посветени и пожртвувани кога станува збор за саканата личност. И давате голема поддршка. Здравјето е добро.

ШКОРПИЈА

Ситуациите на работното место уште повеќе ја зацврстуваат вашата одлука да побарате нова работа. Партнерот ви дава доста поводи за љубомора. Се прашувате дали навистина го загубил интересот за вас. Прилично сте омалаксани и уморни.

СТРЕЛЕЦ

Ќе имате среќа во остварувањето на својата креативност. Денес охрабрете се да ги следите своите идеи и верувате во својот успех. Со партнерот чувствувате заемна презаситеност и не гледате заедничка иднина. Проблеми со варењето.

ЈАРЕЦ

Можно е денес да бидете предмет на критики на надредените или предмет на озборување на соработниците, но резултатот ќе биде конструктивен. Ситуацијата на љубовно поле е многу стабилна. Водете сметка околу алергиите кои ве следат.

ВОДОЛИЈА

За успешно да ги исполните сите обврски кои ви ги носи денешниот ден, ќе ви биде потребна помош од соработниците. Можеби кога најмалку очекувате ќе запознаете некоја интересна личност. Зголемете го внесувањето на витамини и минерали.

РИБИ

Сите околности на вашето работно место денес се во ваша корист. Ако вложите доволно труд да го извлечете најдоброто од денешниот ден, ќе постигнете одлични резултати. Ќе добиете еден необичен предлог од личност која сте ја запознале. Очекувајте главоболка.




Коментари

коментари