СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2. АВГУСТ 2019 ГОДИНА

Бикот води сметка за исхраната, Ракот е чувствителен, Девицата е импулсивна, Вагата сака да ја промени работата, Јарецот посакува нова врска.

ОВЕН

Потрудете се да ги исправите грешките и да се посветите на работата. Ова е ден во кој ќе ви биде дадена втора шанса. Не сакате да се откажете од љубовта со личноста со која не се согласувате баш најдобро. Можни се проблеми со нозете.

БИК

Ќе направите сѐ што можете за да дојдете до подобра позиција на работното место. Подготвени сте да напредувате наскоро. Може да очекувате интересно познанство кое подоцна ќе води кон врска. Водете сметка за внесувањето на масни намирници.

БЛИЗНАЦИ

Разочарани сте и се чувствувате прилично несигурно. Работата не се одвива онака како што очекувавте и сега е време за промени. Можно е да ве оптеретува разговор со партнерот кој од вас секогаш бара нешто ново. Можен е хроничен замор.

РАК

Не ризикувајте било што на работа бидејќи денот е неповолен. Избегнувајте било какви нови вложувања сега. Можеби саканата личност не ви посветува доволно внимание и се ладите. Чувствителен кардиоваскуларен систем.

ЛАВ

Не е поволен ден за поголеми промени на работа. Сѐ што сакате да направите е најпрво добро да ги анализирате своите договори. Доколку сте во брак нема да имате многу добар однос со саканата личност. Проблеми со стомакот.

ДЕВИЦА

Избегнувајте започнување на нови работни проекти денес и потрудете се да покажете подготвеност за занимавање со стари обврски. Вашето импулсивно однесување и брзоплетите реакции може да создадат проблеми во врската. Можни се проблеми и со дишните патишта.

ВАГА

Финансиите не ви се стабилни и сакате да ја менувате работата за да можете да си дозволите подобри услови. Пред вас е период во кој може да имате проблеми со саканата личност. Водете сметка за тироидната жлезда.

ШКОРПИЈА

Нема да успеете да остварите сѐ што сте замислиле денес. Неповолен период на деловно поле. Делувате незаинтересирано во контактот со личноста која ви се додворува и на тој начин ги одбивате шансите за нова врска. Можна е главоболка.

СТРЕЛЕЦ

Загрижени сте за развојот на околностите на ова поле. Можно е во последно време само некои лоши вести да доаѓаат до вас. Саканата личност го менува односот кон вас и тоа не ви се допаѓа. Подложни сте кон депресија и лошо расположение.

ЈАРЕЦ

Можеби немате добар однос со луѓето од деловното опкружување и поради тоа трпи и вашата работа. Посакувате ново познанство и промена на љубовно поле. Не ви годи осаменоста. Проблеми со циркулација.

ВОДОЛИЈА

Потрудете се денес да бидете доволно тактични и да бидете подготвени да покажете иницијатива кога е потребно. Можеби веќе немате емоции кон партнерот и севпуштате во флерт. Вкочанетост во грбот.

РИБИ

Не е поволен ден за важни одлуки, потрудете се да избегнувате важни состаноци или било какви промени денес. Ви се допаѓа личност која не ги покажува отворено емоциите кон вас. Проблеми со холестерол.




Коментари

коментари