Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20. АПРИЛ 2020 ГОДИНА

Ракот е заљубен, Бикот не е расположен за компромис, Рибите ги очекува среќен период.

ОВЕН

Не очекувајте да имате големи пресврти на деловно поле денес. Можеби не се сложувате најдобро со саканата личност и вашиот однос постојано се влошува. Проблеми со варењето.

БИК

Ве очекува поволен период за работа. Може да се надевате на многу значајно подобрување. Можеби конечно наоѓате компромис и со партнерот некои работи се подобруваат. Намалете го внесувањето на јаглехидрати.

БЛИЗНАЦИ

Крајниот резултат на ситуацијата која ве мачи би можел да биде неочекуван. На крај сепак ќе најдете некое решение. Ви се допаѓа личност која покажува дека е подготвена за сериозна врска и дека не ја интересираат минливи авантури. Помал пад на енергија.

РАК

Може да очекувате позитивни околности. Денешниот ден ви е поволен за работа и среќата е на ваша страна. Ве очекува возбудлива ситуација со личноста која ви се допаѓа. Вашиот однос може да биде интересен. Спортувајте.

ЛАВ

Ве очекува поволен ден. Може да се надевате на позитивни пресврти и добри промени. Очекувајте и ново познанство. Ќе следуваат убави промени во љубовта. Внимавајте на стомакот.

ДЕВИЦА

Може да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе имате позитивни решенија на деловно поле. Лесно ги покажувате своите емоции и сакате да дојде до максимална стабилизација на односот со саканата личност. Здравјето е во ред.

ВАГА

Ќе имате помала штета на деловно поле. Сѐ укажува на тоа дека денешниот ден не ви е многу поволен. Во вас се буди потребата за нова љубовна врска. Самотијата не ви одговара и сакате поголеми промени. Здравјето е во ред.

ШКОРПИЈА

Ве очекуваат поволни околности кога станува збор за работата. Можеби ќе имате некои убави вести наскоро. Доколку планирате љубовни промени, може да очекувате позитивна ситуација во фазата која доаѓа. Внимавајте на бубрезите.

СТРЕЛЕЦ

Ќе успеете да се посветите на својата работа и да решите некои проблеми кои сте ги имале од претходно. Поволен ден е пред вас. Ќе остварите ново познанство со личноста која на долги стази ќе има голема улога во вашиот љубовен живот. Внесувајте повеќе витамини.

ЈАРЕЦ

Сите планови би требало да бидат добри, ве очекува ден во кој ќе бидете задоволни со резултатите од работата. Партнерот ви е максимално посветен. Среќни сте покрај него. Водете сметка за ушите.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате дека ќе се појави некоја нова деловна понуда која ќе биде многу значајна за вас. Немате никакви дилеми кога станува збор за емоциите, знаете што сакате и ќе се насочите кон целта. Проблеми со уринарниот тракт.

РИБИ

Може да очекувате успех во деловната сфера. Пред вас е период во кој ќе имате многу среќа. Доколку ви се допаѓа некоја личност која ја познавате од минатото, вашиот однос со неа може да напредува. Можни се проблеми со синусите.

Прегледи:
978
Објавено на:
19.04.2020