СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20. ЈАНУАРИ 2020 ГОДИНА

Овој понеделник Биковите ги очекуваат големи промени, Лавот е во фаза на материјална експанзија, Јарецот го очекува совршен понеделник за забава и уживање.

ОВЕН

Денес нема да бидете многу сигурни во вашата финансиска ситуација, и тоа може прилично да ве вознемири. Некои информации кои ќе ги добиете, исто така може да ве вознемират. Не се повлекувајте, искажете го вашето незадоволство. Пред да почнете нешто да планирате оценете ги сите работи.

БИК

Понеделнички надевајте се на големи промени кои со себе носат сериозни одговорности. Конечно можете да земете здив, бидејќи многу работи се искристализираа. Доколку сте паметни, ќе успеете да го извлечете максимумот од ситуацијата. Тоа особено се однесува на партнерот.

БЛИЗНАЦИ

Бидејќи некои работи сте ги расчистиле со себеси, на проблемите им пристапувате на нов начин. Благодарејќи на енергијата, тргнувате во нови походи. Тие се однесуваат на љубовта и уметноста. Заљубени сте и тоа ви носи добро расположение.

РАК

Овој понеделник е одличен за комуникација. Потрудете се да организирате дружење со голем број луѓе. Најдобро за понатамошниот тек на настаните е да избегнувате конфликти. Јавете се на пријателите со кои долго не сте се виделе. Одбранете ги вашите ставови и верувања без да бидете агресивни. Ќе ви недостасува трпение, но на крајот од денот сѐ ќе си дојде на свое место.

ЛАВ

Во фаза сте на материјална експанзија. Станавте вистински скржавец, кој само ги брои парите. Бидејќи имате многу издатоци, нема да дозволите лесно да ги потрошите парите. Направивте план и од тоа нема да отстапите. Можни се здравствени проблеми, предизвикани од лош метаболизам, па диетата е идеално решение.

ДЕВИЦА

Иако копнеете да бидете на врвот, понекогаш и второто место не е за потценување. Денес балансирајте помеѓу соло и тимска работа. Заборавете на егото и оставете вашите дела да зборуваат за вас. Треба да му обрнете повеќе внимание на одредено лице од спротивниот пол и да ги подобрите односите со него.

ВАГА

Имате идеја која сакате да ја споделите? Ова е одличен ден за да го сторите тоа. Без разлика дали се работи за личен или професионален проект, ќе имате способност да ги убедувате луѓето да ги прифатат вашите идеи. Искористете ја дадената шанса.

ШКОРПИЈА

Денес некој ќе ја насочи целата своја негативна енергија кон вас, бидејќи во неговите очи ќе бидете непријател. Движете се со исправена глава и покажете дека неговите тешки стрели не можат да ја пробијат вашата цврста надворешност. Ќе го избегнувате затворениот простор. Постојано ќе сакате да сте во движење.

СТРЕЛЕЦ

Идеите непрекинато ви доаѓаат, и сега навистина е вистинското време некои од нив да започнете да ги претворате во реалност. Иако во моментов сте окупирани со глобални прашања, свртете се околу себе и првите промени направете ги во својата непосредна околина.

ЈАРЕЦ

Совршен понеделник за забава и уживање, иако ве пристискаат некои рокови кои полека преминуваат во доцнење. Средете го тоа во текот на денот, за да можете да седите мирно, а по работата, време е за убава средба со пријателите.

ВОДОЛИЈА

Внимавајте како размислувате за себе и не се критикувајте премногу. Обидете се да ги избегнете негативните мисли и не им дозволувајте на песимистичните луѓе да ви влијаат на енергијата. Денес лесно ќе го прифаќате туѓото мислење. Нема да имате потреба од навлегување во долги дискусии или натпревари.

РИБИ

Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да ве контролираат. Подобро е денес да се концентрирате на оние проблеми кои можете да ги решите, наместо на нешто од минатото кое не можете да го промените. Закажете средба со поранешните соработници, ќе ви се отвори можност за дополнителен профит.




Коментари

[fbcomments]