Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20. СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Бикот остварува стабилност на работно поле, Девицата има проблем со тироидната жлезда, за Ракот е поволен период за работа, Стрелецот има пад на концентрација.

ОВЕН

Може да очекувате дека ќе ви биде наклонета судбината и дека во последен момент ќе добиете помош околу некои важни деловни прашања. Ви се допаѓа личност која сте ја запознале преку пријатели. Немате проблеми со здравјето.

БИК

Остваривте стабилност на деловно поле и среќни сте поради тоа. Не ве очекуваат големи промени на ова поле. Ново познанство е пред вас. Посветете се на дружењето, излегувањето и ќе имате нова љубов. Водете сметка за срцето.

БЛИЗНАЦИ

Можеби не сте задоволни и не ви цветаат рози на работно поле. Потребни ви се промени што побргу. Новата личност која влезе во вашиот живот се труди да ве анимира и да го освои вашето срце. Водете сметка за очите.

РАК

Сѐ се одвива и подобро отколку што очекувавте. Пред вас е многу поволен период за работа. Време е да се соочите со грешките кои ги правевте на љубовно поле. Ве очекува добра фаза за решавање на проблемите. Стомачен вирус.

ЛАВ

Потребно ви е време за да успеете да ги решите деловните проблеми кои се појавија во претходниот период. Ако сте слободни, пред вас е поволен период за наоѓање нова љубов. Водете сметка за синусите.

ДЕВИЦА

Максимално сте насочени на работата и подготвени сте да се посветите кон остварување на целите. Доколку ви се допаѓа личност која сте ја запознале во деловното опкружување, ќе имате нови љубовни случувања со неа. Проблеми со тироидната жлезда.

ВАГА

Прекинување на соработката може да донесе големи изненадувања. Ќе ви треба време да се опоравите. Љубовната атмосфера е интересна. Сѐ повеќе се зближувате со личноста која ви се допаѓа. Проблеми со јајниците или простатата.

ШКОРПИЈА

Нема да бидете оптеретени со проблеми, денешниот ден ќе помине сосема нормално и без стресни околности. Ново љубовно познанство е пред вас. Може да се надевате на позитивни околности. Проблеми со крвната слика.

СТРЕЛЕЦ

Пад на концентрацијата би можел негативно да се одрази на вашите работни способности. Организирајте се подобро. Проблемите во вашиот брак не можат да се решат преку ноќ, но важно е да започнете со мали чекори. Проверете го крвниот притисок.

ЈАРЕЦ

Деловната стабилност ви е многу важна. Ќе направите сѐ што можете за да ги остварите своите цели. Доколку сте слободни, нова личност во вашиот живот наскоро ќе донесе многу среќа и задоволство. Проблеми со бешиката и долниот дел од стомакот.

ВОДОЛИЈА

Само основните обврски може да ги завршите без проблеми, сѐ што бара повеќе труд денес може да ви донесе компликации. Комуникацијата со саканата личност не е одлична. Се наоѓате во неповолен период. Избегнувајте цигари.

РИБИ

Не реагирајте брзоплето околу деловните одлуки. Потрудете се да бидете внимателни. Не е поволен ден за нови љубовни случувања, се наоѓате во статична и непроменлива ситуација. Можни се проблеми со варењето.