Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

Денес Рибите ќе научат важна животна лекција, Биковите да внимаваат на броевите кои често ги среќаваат може да им носат среќа а Девиците имаат личност во својот живот која очекува на нив да го направат првиот чекор..

ОВЕН
Финансиските проблеми се натрупуваат, кога ќе решите еден се појавува некој нов. Бидете внимателни и размислете добро пред да донесувате одлуки.
Некоја личност на буквата М ќе ви помогне да започнете повторно од почеток.
Планетата Марс ќе го успори темпото на вашиот живот а тоа ќе ви помогне да правите подобри планови. Ако сте сингл, вашата сродна душа може да се наоѓа на вашето работно место.

БИК
Вашите мисли се судираат и постојано сте на крстопат кога треба да донесете некоја одлука. Држете се до своите амбиции и тие ќе ви ја покажат вистинската насока.
Бидете флексибилни кога е во прашање времето.
Ќе научите нешто што ве интересира на некој едукативен настан. Внимавајте на броевите кои често ги среќавате, можеби ви носат среќа.

БЛИЗНАЦИ
Би сакале да можете да промените многу нешта во вашиот живот, но не гледајте толку драматично на сето тоа, нештата не се толку лоши колку што мислите. Најдобриот начин е да постапувате со љубезност, ќе бидете во добивка.
Немојте да донесувате заклучоци премногу брзо кога е во прашање љубовта, во овој период сте многу емотивни.

РАК
Имате премногу идеи на ум и не знаете која е вистинската. Немојте да ги прифаќате полесните начини и патишта и да потонете во зоната на конфорот. Доколку имате дете, тоа ќе игра важна улога ва вашиот успех. Љубовниот живот е подобар од било кога.

ЛАВ
Побарајте инспирација во музиката. И колку да сте зафатени немојте да ги игнорирате оние кои ги сакате. Семејната ситуација е комплексна но треба да се потрудите да ги донесете нештата во хармонија. Бидете понежни спрема саканиот и изненадете го со некој подарок.

ДЕВИЦА
Ќе се фокусирате на една цел и ќе правите се за да ја остварите. Но сега не е време да се потценувате себеси, можете да постигнете многу повееќ. На љубовен план, некоја личност чека на вас да го направите првиот чекор.

ВАГА
Некој ви испраќа индиректни пораки дека му се допаѓате и постојано се обидува да одржува комуникација со вас и да биде покрај вас во секое време но вие не го забележувате тоа. Вашата импулсивност ги збунува другите. Треба да истражувате повеќе околу некој проблем наместо да се правите дека знаете се за него. Вашиот инстинкт понекогаш не ве лаже, верувајте му.

ШКОРПИЈА
Се обидувате да се поврзете со личност со која одамна сте се разделиле, но ви оди тешко. Ставете ја гордоста настрана и искажете ги чувствата, можеби и другата страна го чувствува истото.
Внимавајте на вашите зборови, некој постојано се обидува да ги сфати поинаку.

СТРЕЛЕЦ
Овие денови едвај ги завршувате своите работни обврски и никако немате мотивација, но морате да знаете дека продуктивноста ќе ве однесе на многу повисоко ниво од она на кое сте сега. Покажете ги сопствените способности, ги имате повеќе отколку што мислите.
Независни сте и можете да остварите се што сакате.
Љубовниот живот е како виножито, имате избор.

ЈАРЕЦ
Не се однесувате фер спрема некоја блиска личност а таа е тажна поради тоа. Наместо да пристапувате со лутина, обидете се да бидете отворени и да разговарате за вашите чувства. На љубовен план ве очекува нова љубов со личност за која сте мислеле дека не е ваш тип.

ВОДОЛИЈА
Немојте да дозволувате другите да донесуваат одлуки место вас. Вашите планови ќе се остварат тогаш кога ќе почнете да верува во себе, само вие можете да го сторите тоа.
Немојте да предизвикувате тензија со партнерот со непотребни префрлања околу банални нешта, понекогаш ја преминувате границата.

РИБИ
Некоја лекција која треба да ја научите нема да биде лесна, ќе бидете тажни но тоа ќе ви користи. Фокусирајте се на малите мигови наместо на големата слика. Ако имате партнер, ве очекува изненадување од негова страна. Ако сте сингл, некој потајно ве посакува.