СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 22. АПРИЛ 2019 ГОДИНА

Јарецот го очекува мирен период, Рибите се љубоморни, Водолијата е подготвена за љубов, Бикот има проблеми со висок притисок.

ОВЕН

Пред вас се поволни околности кои може да ги искористите за да остварите напредување на работно поле. Ви се допаѓа личност кон која имате почитување, па поради тоа не ви е лесно да го направите првиот чекор. Водете сметка за циркулацијата.

БИК

Поволен период ако сакате да ја промените работата. Пред вас е фаза во која можете да очекувате нови понуди и шанси. Ве обзема чувство на љубомора и не ви е лесно да се изборите со недовербата. Можен е зголемен притисок.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате добар ден кога станува збор за работата, особено ќе имате успех ако ве очекува некое патување. Доколку сте во брак пред вас е неповолен период. Можни се проблеми со бубрезите. Посетете доктор.

РАК

Пред вас е напорен ден во кој ќе вложите многу енергија во постигнувањето на вашите работни обврски. Доколку сте во љубовна врска, ќе имате проблеми во комуникацијата со саканата личност. Можен е мал пад на имунитетот.

ЛАВ

Поволен ден за остварување на вашите амбиции без разлика дали се мали или големи, полека се средува сѐ на ова поле. Доколку сте слободни, ве очекува прилика да запознаете некоја нова личност. Здравјето е во ред.

ДЕВИЦА

Доколку сте планирале да влезете во некои деловни преговори, денешниот ден ќе биде многу поволен за тоа. Односот со партнерот почнува да се менува, а вие сте иницијатор на тие промени. Проблеми со стомакот.

ВАГА

Може да очекувате напнатост во работното опкружување. Постојат проблеми кои ви ги окупираат мислите. Доколку ви се допаѓа личност родена во некој од огнените знаци, ве очекува врска. Водете сметка за грлото

ШКОРПИЈА

Максимално сте посветени на својата работа и многу е важно на ова поле да осварите напредок. Сакате сигурност покрај саканата личност и многу ви е важно да имате доверба во неа. Зголемен апетит.

СТРЕЛЕЦ

Сметате дека околностите на вашето работно поле не се добри за вас и делува како да има шанси да го извлечете подебелиот крај. Ги преиспитувате своите емоции и ви се чини дека ни сами веќе не знаете што сакате. Бидете умерени со консумација на храна.

ЈАРЕЦ

Во текот на денешниот ден ве очекува мирна и стабилна ситуација на работно поле. Нема потреба да се ангажирате премногу. Потрудете се со саканата личност да остварите подобар однос. Потребно е да спортувате.

ВОДОЛИЈА

Размислувате за промени кои сакате да ги спроведете на дело но, потребно ви е повеќе време за да се случи тоа. Подготвени сте да ги покажете своите чувства кон личноста која ви се допаѓа. Можна е настинка.

РИБИ

Има шанси да остварите деловен успех кој е многу значаен за вас. Љубоморни сте и на вашиот партнер не му е едноставно да излезе на крај со вас и вашите сомнежи. Проблеми со несоница.




Коментари

коментари