СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 23. МАЈ 2019 ГОДИНА

Овенот се чувствува одлично, Близнаците уживаат, Лавот е задоволен со работата, Шкорпијата ужива во слободата, Рибите може да се опуштат.

ОВЕН

Ќе имате слободно време повеќе од обично, а тоа ви е потребно. Искористете го овој ден за да се растеретите психички. Сѐ посигурни сте дека сакате да го поминете животот покрај моменталниот партнер. Здравјето е добро.

БИК

Исфрустрирани сте поради однесувањето на вашите претпоставени и сметате дека не сте квалификувани за својата позиција. Многу ви е убаво со моменталниот партнер и единствен проблем е што тешко наоѓате време за него. Проблеми со притисокот.

БЛИЗНАЦИ
Ако сте биле во кавгаа со некој од колективот може да очекувате решение на ситуацијата денес. Убаво се сложувате и уживате во моментите кои ги поминувате со саканата личност. Немате проблеми со здравјето.

РАК

Можеби многу брзоплето ќе донесете многу важна деловна одлука, но ќе ве послужи среќа, па ќе се покаже како исправна. Ќе остварите врска со личност која многу ви се допаѓа. Склони сте кон настинки.

ЛАВ

Генерално сте задоволни со ситуацијата на работното место, но постојат некои ситници кои со задоволство би ги промениле. Може да очекувате исклучително интересно познанство и можност за почеток на нова врска. Стабилно и добро здравје.

ДЕВИЦА

Обврските ви се насобираат, но тоа само ја намалува вашата мотивација да ги решавате. Свесни сте дека ситуацијата во вашата врска не е добра, но одлучувате да се смирите и да трпите, бидејќи немате енергија за нови промени. Можна е вртоглавица.

ВАГА

Денес ви успева сѐ да држите под контрола иако се појавуваат непредвидени ситуации. Иако ви изгледаше дека најдовте личност каква што отсекогаш баравте, вашите илузии полека се распаѓаат. Можна е вртоглавица.

ШКОРПИЈА

Можеби ќе остварите деловна соработка со личност од странство родена во некој воден знак. Уживате во својата слобода и засега не чувствувате потреба да започнете нова врска. Можни се проблеми со стапалата.

СТРЕЛЕЦ

Поволен ден за решавање на некои административни прашања и за нови вложувања. Резултатите од денешните одлуки ќе се покажат како поволни. Љубомората ве јаде, но вие не сакате да го покажете тоа пред саканата личност. Склони сте кон воспаленија.

ЈАРЕЦ

Денес решението на некој проблем може да дојде со нечија неочекувана помош. Вие сте навикнати да правите добри дела и ова е еден од оние денови кога тоа ви се враќа. Ќе поминете романтичен ден со саканата личност. Посетете доктор.

ВОДОЛИЈА

Иако имате многу обврски не се чувствувате преоптеретено бидејќи знаете дека може да сметате на помошта од вашите соработници. Наското ќе влезете во нова врска и можно е токму денес да го направите првиот чекор. Зголемете го внесувањето на витамини и течности.

РИБИ

Денес нема да бидете зафатени како и обично. Опуштете се и уживајте додека имате можност. Од партнерот добивате сѐ што е потребно и се трудите да му го овозможите истото. Толкава блискост и нежност не сте чувствувале одамна. Здравјето е добро.




Коментари

коментари