Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 23. МАРТ 2020 ГОДИНА

Бикот се чувствува добро, Девицата е незадоволна, Шкорпијата ги решава проблемите, Рибите да избегнуваат алкохол.

ОВЕН

Финансиската ситуација оди на подобро, па затоа сте задоволни. Ве очекува генерално поволен ден на ова поле. Можно е да и го привлекувате вниманието на симпатијата на некои чудни начини. Чувствителен урогенитален тракт.

БИК

Може да очекувате позитивни околности на деловно поле. Успешно ќе ги остварите сите планови. Доколку имате партнер, може да се надевате на убава атмосфера во односот со него. Поволен ден за вас и добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува можност да склопите бизнис кој може да биде многу значаен за вас. Потрудете се да останете доследни на своите цели. Ако сте слободни пред вас е ново познанство кое ќе биде значајно. Здарвјето оди на подобро.

РАК

Може да очекувате успешно решавање на недоразбирањата со соработниците и остварување на една генерално добра атмосфера. Ако сте слободни, подготвени сте да флертувате и да запознавате нови луѓе. Проверете го крвниот притисок.

ЛАВ

Немате доволно доверба во деловното опкружување и честопати ви се чини дека некој ви работи позади грб. Можно е партнерот да ви покажува дека не е задоволен од вашиот однос. Зголемете го внесувањето на течности.

ДЕВИЦА

Преоптеретени сте со обврските, работите само ви се нижат една на друга и тоа ви претставува голем стрес. Не сте задоволни со околностите во кои се наоѓате со саканата личност. Зголемете го внесувањето на витамини.

ВАГА

Избегнувајте започнување нови деловни проекти денес. Овој ден генерално не е поволен за било какво потпишување. Имате впечаток дека саканата личност не е искрена кон вас и дека од нејзина страна постојат некои тајни. Подложни сте на вируси.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате дека успешно ќе ги решите правните или формалните потешкотии кои ве кочеле во претходниот период. Емотивната ситуација ви е променлива. Постои личност во која сте заљубени. Можен е стомачен вирус.

СТРЕЛЕЦ

Потрудете се да покажете иницијатива околу започнувањето деловни промени. Време е да преземете одговорност. Можно е саканата личност да покажува недоверба, па кавгите помеѓу вас се чести. Болка во грлото.

ЈАРЕЦ

На финансиско поле нема да имате прилив на пари кој го очекувате, што може да поремети некои ваши планови. Ве оекуваат сериозни промени и можност за почеток на врска која подоцна би можела да води до брак. Избегнувајте масна храна.

ВОДОЛИЈА

Проверете ги сите информации кои ќе ги добиете на ова поле денес бидејќи некои од нив може да бидат лажни или погрешни. Можеби ја идеализирате личноста која ја сакате и не ви е лесно да ја гледате реално. Проблеми со низок притисок.

РИБИ

Најдобро е да се обидете да ја вложите енергијата и времето во вашата работа. Од вашето залагање многу зависи. Може да очекувате интересна комуникација со личност која ви се допаѓа. Избегнувајте алкохол.

Прегледи:
821
Објавено на:
22.03.2020