СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 24. АПРИЛ 2019 ГОДИНА

Овенот го мачи зголемен притисок, Лавот се чувствуваа исцрпено, а Шкорпијата ја очекува добра заработка.

ОВЕН

Денешната атмосфера во работното опкружување е прилично напната и вие сте понервозни од обично. Во вашиот љубовен живот постојат повеќе од една симпатија. Ве мачи зголемениот притисок.

БИК

Можеби ќе дојде до помали промени на работното место со кои нема да бидете задоволни. Ако сте во врска, ќе поминете убав ден со партнерот. Поволен ден за нови познанства на слободните Бикови. Ви треба масажа.

БЛИЗНАЦИ

Со колегите имате добар однос и заедно градите позитивна атмосфера. Ве очекува пријатен ден. Подготвени сте за нови познанства, авантури и интересни настани. Денес е добар ден за флерт. Проблеми со црниот дроб.

РАК

Може да се надевате на подобрување на финансиската состојба. Ако чекате резултати од некое судење, ќе бидете задоволни. Многу ви се допаѓа една посебна личност, но го криете тоа. На полето на здравјето немате проблеми.

ЛАВ

Добро се снаоѓате во секоја работа која подразбира комуникација со луѓе. Добро сте расположени и тоа го пренесувате на луѓето околу вас. Саканата личност поминува низ тежок период во животот, а вие сте покрај неа. Чувствувате исцрпеност.

ДЕВИЦА

Не се надевајте дека ќе имате многу слободно време. Ве чека напорен период на работа исполнет со обврски. На љубовно поле ве чека мирен ден. Со партнерот се сложувате одлично. Внесувајте повеќе витамини.

ВАГА

Денес ве чека ден без посебни оптеретувања во кој ќе можете да бидете опуштени и без премногу труд да покажете добри резултати. Ве очекува интересно попладне за ново познанство. Одлично здравје.

ШКОРПИЈА

Ве очекува прилика за добра заработка која потекнуваа од некоја личност од странство, без разлика дали станува збор за важен клиент или инвеститор. Личноста која ви се допаѓа ви дава сигнали и постои флерт. Проблеми со грлото.

СТРЕЛЕЦ

Ако чекате вистински момент за реализација на своите планови на деловно поле, денешниот ден е исклучиво поволен за такво нешто. Може да очекувате позитивен одговор од саканата личност. Водете сметка за белите дробови.

ЈАРЕЦ

Нема да може да остварите сѐ што посакувате, но имајте на ум дека сте склони себеси да си зацртате многу високи и нереални цели. Ако постои личност од минатото на која и се враќате, денес е ден за средба со неа. Посетете доктор.

ВОДОЛИЈА

Вие генерално добро се снаоѓате во кризни ситуации и денес тоа многу ќе ви значи бидејќи ве чека прилично стресен ден. Саканата личност максимално ви угодува иако не и е лесно. Здравјето е одлично.

РИБИ

Иако по мислењето на многумина имате премногу големи амбиции, се чувствувате доволно способни да ги остварите. Денес е денот кога може тоа и да го докажете. Можеби вашата симпатија не е свесна што чувствувате за неа. Главоболка.




Коментари

коментари