СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 25. НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Бикот го очекува позитивен ден, Девицата има многу работни обврски, Стрелецот го очекува интересно патување.

ОВЕН

Неопходно е да поработите на комуникацијата со надредените. Важно е да покажете дека сте сериозни и дека вможе да сметаат на вас. Можеби саканата личност има некои замерки кон вас. Би ви годела масажа и опуштање.

БИК

Не ви е лесно целата енергија да ја посветите на работата. Пред вас се многу неповолни околности. Партнерот ви е верен и кога сте заедно – среќни сте. Ве очекува позитивен ден на овој план. Минлива настинка.

БЛИЗНАЦИ

Доаѓаат подобри времиња за вас кога станува збор за работата. Може да се надевате на нови проекти. Осцилации постојат во вашиот однос со партнерот, имате можност да ги стабилизирате. Менувајте ги лошите навики.

РАК

Дајте си време да одлучите кој потег на работното место е најдобар за вас. Не реагирајте импулсивно или во афект. Постојат помали проблеми кои на некој начин се попречуваат помеѓу вас и партнерот. Потребен ви е сон.

ЛАВ

Решивте да ја промените работата, подготвени сте да свртите нов лист на ова поле и да се насочите кон нова професија. Се сомневате во своите емоции и тоа ве кочи на љубовно поле. Проблеми со коските.

ДЕВИЦА

Ве очекуваа опуштена атмосфера со колегите. Можеби денес нема да имате премногу работни обврски. Заинтересирани сте за врска без обврски со личност која сте ја запознале преку пријатели. Проблеми со нозете.

ВАГА

Следуваат промени, но тие доаѓаат полека, па ви се чини дека е потребно многу време. На љубовно поле ве очекува флерт и нови случувања. Можни се проблеми со несоница.

ШКОРПИЈА

Вашите резултати зависат од тоа колку ќе бидете посветени на работното место. Може да очекувате предизвици. Би сакале да најдете личност која ќе ви одговара на сите полиња. Исцрпени сте.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува соработка со странски клиенти или патување во кое ќе бидете многу задоволни. Не се откажувате од своите идеали, барате љубов и ќе ја најдете. Само бидете трпеливи и на прво место – сакајте се себеси. проверете ја крвната слика.

ЈАРЕЦ

Во последно време не бевте доволно посветени на работата и колегите тоа ви го замеруваат на некој начин. Саканата личност ќе покаже дека од вас сака повеќе отколку што добива. Можни се проблеми со грбот.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате во наредниот период важни вести во врска со новите проекти кои ги очекувате. Дојде време да и го покажете на саканата личност вашиот став за неа и вашата врска. Водете сметка за бубрезите.

РИБИ

Може да очекувате дека денес на работно поле и финансии ќе имате некои мали препреки. Партнерот покажува љубомора, а тоа вас ви пречи. Потребна ви е слобода само за вас. Чувствувате стрес.




Коментари

[fbcomments]