Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 28. НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Ракот го очекува нова љубовна врска, Девицата ужива во авантурите, Стрелецот има проблем со финансиите.

ОВЕН

Поволен ден за комуникација со надредените како и за нови разговори за работа. Може да се надевате на убава атмосфера. Романтиката денес ви е силна страна. Уживате со саканата личност. Водете сметка за бубрезите.

БИК

Ве очекува напорен ден во кој ќе имате многу обврски. Потрудете се да бидете посветени на работата и ништо да не пропуштите. Немате драстични промени на љубовно поле. Болки во желудникот.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате позитивна атмосфера кога станува збор за работата. Потрудете се да се посветите на некои проблеми од претходно. Зрачите со позитивна енергија, па лесно склопувате нови познанства. Избегнувајте алкохол.

РАК

Ве очекуваат помали компликации кога станува збор за работата. Потрудете се да бидете доволно смирени во нивното решавање. Нова љубов е пред вратите, а вие сте подготвени да и дозволите да влезе. Проверете крвна слика.

ЛАВ

Може да очекувате дека ќе успеете денес да разграничите некои рабори и да донесете нови одлуки. Саканата личност се обидува да ви покаже колку се грижи за вас. Водете сметка за хормоните.

ДЕВИЦА

Можеби не сте сосема задоволни од резултатите кои ги постигнавте на работното место и сметате дека можете многу подобро од тоа. Уживате во незадолжителни авантури и флерт, сериозна врска не ви е во план. Помал пад на имунитетот.

ВАГА

Пред вас е поволен период во кој ќе може да очекувате решавање на деловните проблеми. Саканата личност покажа неискреност и се чувствувате изневерено на некој начин. Потребно ви е време. Чувствителен урогенитален тракт.

ШКОРПИЈА

Конечно ќе успеете да дојдете до важни информации на кои долго чекавте. Може да се надевате на поволни околности. Доколку сте слободни, ве очекува среќен период и нови личности во вашиот живот. Замор и ненаспаност.

СТРЕЛЕЦ

Финансиите сега ви се слаба точка и сакате да промените нешто по тоа прашање. Ќе имате шанса за некоја дополнителна работа. Саканата личност ќе ви покаже дека искрено и значите. Ве очекуваат проблеми со тироидната жлезда.

ЈАРЕЦ

Реагирате брзоплето и тоа може да донесе проблеми на работа. Потрудете се да бидете малку поприбрани. Подготвени сте да прекинете врска со личност која беше неискрена кон вас. Патите од главоболка.

ВОДОЛИЈА

Чувствувате дека во вашето деловно опкружување има некои ситуации кои се одигруваат позади ваш грб. Новото познанство внесува мистерија кај вас. Личноста која ја запознавте ви носи возбуда. Проблеми со несоница.

РИБИ

Ве очекуваат помали промени во деловното опкружување. Ќе ви биде потребно одредено време за да се навикнете на нив. Ви се додворува личност во која немате доволно доверба. Чувствителен нервен систем.

Прегледи:
759
Објавено на:
27.11.2019