Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 28. ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

Ракот има можност за нова работа, пред Девиците е турблентен период на љубовно поле, Јарецот нема добра комуникација со саканата личност.

ОВЕН

Можеби се премногу посветени на некои ситни обврски и проблеми, па ги занемарувате оние крупните. Може да очекувате пријатна атмосфера со личноста која ви се допаѓа. Имате вишок енергија, спортувајте.

БИК

Доаѓате до нови контакти многу значајни за проширување на вашата дејност. Може да се надевате на позитивни околности. По искрениот разговор со партнерот ќе увидите дека се грижи за вас. Можни се проблеми со белите дробови.

БЛИЗНАЦИ

Работите посветено, вредни сте и важно ви е да бидете добри во својата работа. Имате големи амбиции и планови за иднина. Може да очекувате можност за подобрување на односот со саканата личност. Потребна ви е повеќе физичка активност.

РАК

Може да очекувате нова можност за работа или за промена на работното место, за преминување на место кое повеќе ќе ви одговара. Ве очекува и можност за запознавање на нова личност која ќе ви го привлече вниманието. Одлично здравје.

ЛАВ

Може да имате некои недоразбирања со личност со која соработувате секојдневно. Потрудете се да не дојде до поголем конфликт. Ви се допаѓа личност која покажува повеќе квалитети кои ги цените. Зајакнете го својот имунитет.

ДЕВИЦА

Ги преиспитувате своите планови и доаѓате до впечаток дека некаде сте направиле грешка. Време е да промените некои работи. Зад вас е турбулентен период на љубовно поле и сега ви е потребно да бидете сами. Поведете сметка за исхраната.

ВАГА

Не носете нагли одлуки на работно поле. Ова не е поволен ден за промени и важни настани. Можеби посакувате нова врска, но истовремено се плашите од обврските кои ги носи. Водете сметка за стомакот и цревата.

ШКОРПИЈА

Доколку сте посветени на приватен бизнис, очекувајте подобрување, како и прилика за подобра заработка. Ќе остварите добра комуникација со личноста која ви се допаѓа. Потрудете се да и ги покажете емоциите. Водете сметка за градниот кош.

СТРЕЛЕЦ

Ќе остварите значајно подобрување на заработката кое ќе ви го подигне моралот и мотивацијата. Ве очекува добар ден. Сакате да оставарите стабилен однос со саканата личност, но за таа игра се потребни двајца. Јадете свежи намирници.

ЈАРЕЦ

Уште малку ќе трае овој потежок период, а потоа доаѓа фаза за опоравување на деловно поле. Покажете дека умеете да бидете силни. Комуникацијата со саканата личност не е добра, и двајцата сте склони кон инаетење и настапува тензија. Минлива настинка.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува момент на одлука, па иако бевте во некоја дилема, сега ќе мора да пресечете. Ако започнете денес нова љубовна врска може да се претвори во долготрајна и стабилна врска во иднина. Здравјето е во ред.

РИБИ

Ве очекува поволен период генерално, на деловно поле ќе завршите сѐ што сте планирале. Заљубени сте  и убаво ви е кога сте покрај личноста која ја сакате. Може да очекувате поволен пероод за љубов. Посетете стоматолог.