СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 29. АПРИЛ 2019 ГОДИНА

Прочитајте што подготвуваат ѕвездите за вас во текот на денешниот ден!

ОВЕН

Во последните неколку денови, ваш приоритет беше романтиката и односот со партнерот. Ако станува збор за некоја личност која ја познавате од неодамна, не се изненадувајте ако денес сфатите дека вас не ве врзува ништо друго освен страст. Обидете се да пронајдете соодветен начин да продолжите во тој правец, под услов тоа вам да ви одговара. Во спротивно, ќе останете заробени во однос кој не ви одговара.

БИК

Еден разговор може да ве стави во незгодна позиција да мора да бирате помеѓу семејството, пријателите и партнерот. Послушајте го вашето срце и не дозволувајте им на другите да управуваат со вашите животи. Здравствената ситуација бара ваше внимание. Иако не чувствувате никакви симптоми, дојде време за еден комплетен преглед на организмот.

БЛИЗНАЦИ

Ќе присуствувате на еден состанок во кругот на вашето семејство кое ќе води до промени кое се однесуваат на блиската иднина. Внимателно слушајте што другите имаат да кажат и до крајот на денот не дозволувајте било кој да влијае на вашата конечна одлука.

РАК

Ве излудуваат случувањата поврзани со вашето работно место. Без разлика дали сте незадоволни со финансиите или колективот, денес мора да размислувате во правец на промени. дефинитивно е дека актуелната ситуација е неподнослива. Најважно е во целата приказна да го задржите својот внатрешен мир. Еден пријател има тајна која денес ќе излезе на виделина. Покрај сѐ, бидете му поддршка.

ЛАВ

Ако од неодамна откривте дека поседувате некој талент или пронајдовте задоволство во ново хоби, денес ќе имате желба во потполност да му се посветите. Дојде време да си угодувате себеси и не се обзирајте на туѓото мислење. Финансиската ситуација е повеќе од задоволувачка. Размислете за обновата на гардеробата или купување на некој аксесоар.

ДЕВИЦА

Денес би можеле да дојдете до некои нови информации кои се однесуваат на вашето минато. Нема да ви биде пријатно кога ќе сфатите дека една личност во која сте имале доверба и сте споделувале тајни, ја изнела во јавност вашата интима. Не дозволувајте си себеси да очајувате, туку во истиот момент стапете во акција. Извршете еден искрен разговор и затворете ја вратата на ова пријателство.

ВАГА

Вашиот круг на пријатели се менува. Можеби и премногу бргу за ваш вкус. Некои од драгите личности би можеле да се отселат од ваша близинаа, а други веројатно се зафатени со некои нови пријателства. Но и покрај сето ова, вие добро се држите. Најважно е да не заборавите секогаш во животот да му дадете предност на квалитетот наспроти квантитетот.

ШКОРПИЈА

Иако навидум ви се чини дека оваа е идеален ден за работа, ќе наидете на препреки какви што не сте ни сонувале. Работите не се одвиваат на посакуваниот начин, ни со посакуваното темпо. Меѓучовечките односи ви се многу нарушени. Без никаква причина сте иницијатор на кавги и недоразбирања. За вас е најдобро денес да останете дома и да се посветите на некои активности кои не бараат поголем ментален напор.

СТРЕЛЕЦ

Ако вашаатаа работа бара дополнителни истражувања и едукација, ова е вистинскиот ден за тоа. Ментално и физички сте подготвени на сите предизвици кои со себе носат часови работа. Навечер, задолжително оддвојте момент за семејството или блиските пријатели. Одењето во ресторан ќе биде она што ќе го заокружи вашиот ден и ќе ве исполни.

ЈАРЕЦ

Денес би можеле да се чувствувате растргнати помеѓу желбата да остварите една цел, најверојатно финансиска и желбата да се посветите на некои семејни работи. Со обзир на тоа дека сте во добро расположение и имате доволно енергија, можете да ги постигнете двете работи. Пријателите на кои им верувате денес може да ви бидат од голема помош. Следете го развојот на ситуацијата и ќе успеете во сѐ што ќе посакате.

ВОДОЛИЈА

Ако се најдете денес во поголем круг на луѓе, најверојатно познаници, не се изненадувајте кога ќе забележите дека најмногу се раположени за оговарање и површни разговори. На време запрашајте се дали искрено уживате во овие приказни. Еден пријател од вашата младост поминува низ турбулентен период. Бидете му од корист.

РИБИ

Вие сте некој кој сериозно ја сфаќа својата професија, но во последните неколку денови немате време за останатите аспекти од животот. Денес не би било лошо да одите на заслужен одмор. Нема причина за грижи – не мора да бидете секогаш на штрек за случувањата во иднина. Засега потребно ви е опуштање и време за работите кои ги сакате – хоби, пријатели и семејство.




Коментари

коментари