Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 29 ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Практикувањето на физичка активност ќе ве доведе до совршено здравје. Финансиската состојба која до претходно беше лоша, почнува да се подобрува. На работното место можно е да ве вознемири нечија конкуренција. Можно е патување со семејството. Одговор кој долго сте го очекувале.

БИК
Пауза од работните обврски ќе се покажи како доста корисна. Оние кои се страдаат од некоја хронична болест конечно доаѓа подобрување на здравјето. Ивестиции кои сте ги направиле во минатото почнуваат да ви се исплаќаат. Ќе се сретнете со личност која долго време не сте ја виделе. Ќе посетите некоја туристичка атракција.

БЛИЗНАЦИ
Ќе бидете зафатени со работа дури и ќе земете од своите слободни часови за да завршите се. Вметнете некои нови вежби во вашиот секојдневен режим. Пристигнува можност за екстра заработка. Пријатна вест ќе ви го разведри денот. Нешто ќе се сврти во ваша корист. Ќе направите некого горд.

РАК
На работното место ќе се соочите со многу предизвици, но ќе успеете да исполните се до задоволувачки степен. Засега немате некои поголеми проблеми. Верувате во нешто цврсто но наскро ќе се покаже дека нешто било лага. Планирате средба со блиските а тоа ќе ви помогне повеќе да се поврзете со нив.

ЛАВ
Можно е да чуете вести во врска со наследство. Можна е сезонска настинка. Оставањето и одложувањето на работните обврски нема да ви донесе ништо добро. Денешниот ден наменете го за да остварите нешто кое одамна го посакувате. Доколку имате некој правен проблем, конечно пристигнува позитивна вест.

ДЕВИЦА
Денес ќе застанете на страната на правдата и ќе се борите цврсто за да ја постигнете. Финансиската состојба се подобрува. Совет од некој близок во врска со вашето здравје ќе ви помогне повторно да се вратите во форма. Внимавајте на вашите емоции и не дозволувајте да ве контролираат во стресни ситуации.

ВАГА
Здравјето ви е подобро од претходно. Вашата популарност помеѓу членовите на семејството расте, сите ве обожаваат. Вложувате труд околу некој проект и тоа ќе ви се исплати. Доколку сте направиле екстра заработка, ќе ја потрошите на нешто кое ќе ви користи. Поделба на наследство.

ШКОРПИЈА
Некои Шкорпии ќе се чувствуваат физички во одлична форма. Некоја грешка која сте ја направиле на професионален план тешко дека ќе успеете да ја покриете и ќе се чувствувате засрамени. Сега е вистинско време за да ги зајакнете семејните односи. Одете на некое место каде се чувствувате пријатно, тоа ќе ви помогне даја продлабочите вашата креативност.

СТРЕЛЕЦ
Финансиска стабилност е на повидок. Оние кои се сопственици на бизнис ќе привлечат нови клиенти. Престанете да го трошите времето на неважни нешта, тоа ќе ви помогне да се сконцетрирате на оние работи кои вистински се корисни и можат да ви донесат нешто добро.

ЈАРЕЦ
Пристигнува поволен период за вас и вашата кариера. Здравствениот проблем ќе биде решен со помош на домашен лек. Можности за да ја подобрите вашата финансиска состојба пристигнуваат на вашиот пат. Можно е на вашето семејство да се придружи нов член. Некој ги споделува истите чувства со вас.

ВОДОЛИЈА
Ќе добиете добар совет од блиска личност кој ќе ви користи. Ќе добиете позитивни вести во врска со вашата здравствена состојба и некој проблем со кој долго се соочувате. Некој се обидува да стапи во контакт со вас, тоа е личност која ви е драга и не сте ја чуле одамна. Семеен проблем ќе биде разрешен со помош на постара личност.

РИБИ
Во домот владее хармонија и сите се подготвени да работат на разрешување на проблемите. Денешниот ден е поволен за започнување на нови проекти на работното место. Ќе успеете да реализирате некој ваш сон. Ќе успеете да откриете нешто што ве интересира со помош на искрен разговор. Планови за продлабочување на образованието.