СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3. ЈАНУАРИ 2019 ГОДИНА

Близнаците ќе имаат помош од своите пријатели, Девицата ќе биде особено популарна денес, Рибите треба да ја насочат својата енергија кон пронаоѓање ново хоби.

ОВЕН

Имате проблеми со околината и не знаете од каде да почнете со нивното решавање. Соработниците и колегите се разочарани од вашата себичност и не сакаат да ви помогнат со новите проекти кои сте ги преземале. Извинете се за вашето однесување, не можете сами против целиот свет.

БИК

Некои поранешни проблеми ќе излезат на виделина, а вие нема да успеете да ги соркриете од очите на оние кои не сакате да ги дознаат. Деловната ситуација ви е зовривачка, време е да размислите за отказ и да започнете да ги остварувате идеите за сопствен бизнис.

БЛИЗНАЦИ

Доста важен ден за деловни потези со кои сте во состјба да ја изненадите вашата околина. На момент особено топли и друштвени а на момент агресивни и борбени, ќе бидете способни да преземете иницијатива и со нагли потези да ја промените ситуацијата. Помошта на моќните пријатели ќе ја зацврсти вашата положба.

РАК

Финансиската ситуација ве прави несигурни и доколку немате посебни проблеми ќе ве плаши и самата помисла на неа. Вашата положба е приличнио чувствителна, па ве советуваме да се повлечете во позадина и да го почекате вашиот момент.Ќе почустввуате проблеми во комуникациите.

ЛАВ

Денеска ќе морате да се воздржите од револуционерни промени и расправии со соработниците и надлежните ограни, бидејќи би можело да се најдете во многу непријатна и неблагодарна положба. На неправилностите и провокациите на работното место сепак е добро да одговорите, а не да го носите насобраниот гнев во вашиот дом.

ДЕВИЦА

Ќе бидете многу популарни и приметени од секого. Ќе се најдете во една голема фрекфенција на средби и промени на планови и сето тоа ќе ве прави пренапнати, но со својата енергичност ќе успеете да ја надокнадите концентрацијата и понекој погрешно изговорен збор. Воздржете се од непотребни изјави.

ВАГА

Се повеќе ќе ве опкружуваат професионалните проблеми и промени, а промените се многу важни за организирање на работата и животот. Некои можеби ќе размислуваат за промена на работата или пак за работење со нешто додатно. Ќе донесувате нагли и импулсивни одлуки и воошшто нема да биде лесно да се работи со вас.

ШКОРПИЈА

Денешниот ден ви носи многу изненадувања и возбудувања. Ќе имате многу поволни можности, а од вас зависи колку ќе знаете да ги искористите. Енергијата ви е на одлично ниво и во голем дел ќе ја искористите за движење и дружење. Љубовниот живот ви е добро аспектиран.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекуваат некои новини во вашато работење – дали ви се допаѓаат и дали ќе ги прифатите нема да зависи многу од вас. Постои можност од недоразбирања и судири со соработниците и претпоставените. Ако раководите со некој туѓ имот или имате пристап до некои тајни скриени инфорамции – морате да бидете внимателни.

ЈАРЕЦ

Во работата внесувајте што помалку емоции и без оглед колку некои луѓе ви се допаѓаат или не. Денеска ќе бидете посебно напнати и затоа ќе морате добро да размислите пред да ја треснете вратата или кажете нешто што може да ви направи големи проблеми.

ВОДОЛИЈА

Надворешните збиднувања особено оние деловните ќе ви ја разнишаат емотивната рамнотежа и ќе ве доведат во ситуација во која ќе ви биде многу тешко да го пронајдете вистинскиот пат. Во ваква ситуација, најверојатно ќе го прифатите ризикот, а со тоа можете да прекинете некои многу пријатни работи.

РИБИ

Иако концентрацијата ќе ви биде нешто послаба и ќе бидете склони кон задоцнувања, недоразбирања сепак нема причина да не ја насочите вашата енергија таму каде што ќе посакате. Можете да почнете да изучувате некој странски јазик, спорт, информатика, уметност и да го развивате вашето хоби или талент.




Коментари

[fbcomments]