Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 30. МАРТ 2020 ГОДИНА

На Стрелецот му е потребно трпение, Шкорпијата денес ќе ја запознае сродната душа, Бикот ќе изјави љубов.

ОВЕН

Важно е да покажете доволно упорност во својата намера да остварите деловен успех. На емотивно поле ве очекува прилично тежок период во кој нема да можете да најдете личност која ви одговара. Би ви годел одмор.

БИК

Денес ќе добиете помош околу работата која сметате дека ви е многу важна. Може да очекувате позитивни пресврти генерално. Се обидувате да најдете вистински момент да и дадете до знаење на саканата личност дека сакате заеднички живот. Здравјето е добро.

БЛИЗНАЦИ

Не ви е лесно да се фокусирате на работата. Можно е да имате приватни проблеми кои ве попречуваат. Саканата личност покажува дека се сомнева во вас и дека не и е доволно да ги слуша вашите оправдувања. Зголемете го внесувањето на вода.

РАК

Одлуките кои сега ќе ги донесете, подоцна на подолги стази ќе се покажат како многу важни и исправни. Ако се грижите околу тоа какви ќе ви бидат односите со саканата личност, ќе сфатите дека претерувате. Проблеми со притисокот.

ЛАВ

Во текот на денешниот ден ќе успеете да ги завршите деловните обврски и остатокот од времето да го поминете на некој позитивен начин. Поради честите несогласувања со саканата личност полека настапува фаза на заладување. Проблеми поради пад на имунитет.

ДЕВИЦА

Денес ќе имате многу повеќе среќа на работно поле отколку претходниот период. Треба да бидете задоволни со резултатите. Не ви е лесно да се збогувате со старата љубов. Немате проблеми со здравјето денес.

ВАГА

Бидете подготвени на нови компликации на деловно поле. Поголемиот дел од проблемите се поради туѓи грешки. Кавгите со саканата личност секојдневно ги исцрпуваат вашите извори на енергија. Сѐ повеќе размислувате за прекинување на врската. Градниот кош ви е чувствителен.

ШКОРПИЈА

Многу од околностите не се на ваша страна, бројни ситуации ве оптеретуваат. Не ризикувајте на деловно поле денес. Ќе имате можност да ја запознаете личноста со која е можна сериозна љубовна врска во иднина. Осетливи синуси.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е период во кој ќе имате некои компликации на работно поле. Потрудете се да најдете доволно трпение. Подготвени сте со саканата личност да ги разгледате плановите за заеднички живот. Проблеми со тироидната жлезда.

ЈАРЕЦ

Денес е неповолен ден за работа. Можно е да имате помала штета или губиток. Неопходен ви е пресврт во односот со саканата личност бидејќи работите веќе подолго време не функционираат. Низок притисок.

ВОДОЛИЈА

Загрижени сте за работното место, можни се многу неповолни околности и лоши вести. Ја идеализирате личноста која ја сакате, а вашиот однос со неа во реалноста сепак е полош отколку што сакате да признаете. Можна е несоница.

РИБИ

Нема да бидете претерано задоволни со развојот на ситуацијата на работното место. избегнувајте важни деловни одлуки денес. Доколку имате додворувачи денес ќе им покажете дека не сте заинтересирани. Нервниот систем ви е чувствителен.

Прегледи:
766
Објавено на:
29.03.2020