Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 30 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Денес Биковите ќе бидат супер-социјални и ќе превземат улога на лидери, Водолиите ќе запознаат нова љубов на буквата „Д“ а Стрелците ќе ги охрабруваат сите околу нив..

ОВЕН
Поседувате неверојатна сила да пронаоѓате решение на секој проблем дури и ако се справувате сами со него. Во љубовниот живот сте независни и покажувате доста интимност што го освојува партнерот уште повеќе.АКо сте сингл, ако забележите некој да се појави додека свири вашата омилена песна – тој е вашата сродна душа.

БИК
Денес сте супер-социјални но играте по свои правила, не сакате да ја следите толпата, сакате да водите. Само поради тоа што некој ваш близок ги прекршува правилата не значи дека и вие морате да го сторите тоа, одржувајте ја вашата внатрешна цврстина. АКо сте заљубени, разгорете ја страста во врската со некое секси изненадување.

БЛИЗНАЦИ
Дозволете и на енергијата да струи низ вас во сите полиња, ќе постигнете неверојатен успех. Еднаш кога добро ќе ги организирате вашите планови, ќе забележите значителна промена. Бирајте една цел во одредено време и не се откажувајте додека не ја завршите. Ако сте сингл, ќе запознете некој згоден странец кој ќе го изговори вашето име.

РАК
Денес сте еден од најприспособливите знаци во хороскопот, со што и да се соочите ќе успеете да ја држите контролата во вашите раце. Бидете внимателни со дарежливоста. Квалитетниот сон е клучот, обидете се да го воведете во ред вашето темпо на спиење.

ЛАВ
Рутината не е вашиот омилен збор нити начин на живот, обидете се да направите повеќе место за љубовни мигови. Ако сте сингл можни се љубовни искри со некој кој ќе побара ваша помош при решавање на некоја задача.

ДЕВИЦА
Постојат повеќе начини за да завршите некои деловни планови, сите очекуваат да го видат вашиот следен подвиг. Дајте му на некој ваш близок уште една шанса, тој се труди повеќе отколку што тоа изгледа во вашите очи.

ВАГА
Можно е да започнете кариера која не е типична за вас или сте сметале дека не се пронаоѓате во неа. Бидете отворени кон нови можности. Престанете да го трошите вашето слободно време залудно и наместо тоа направете нешто корисно. На љубовен план немојте да ги лажирате вашите чувства, бидете искрени со партнерот и кажете му ја вистината.

ШКОРПИЈА
Денес е супер креативен и романтичен ден за вас. Ќе направите неочекуван гест кој ќе ја разгори љубовта помеѓу вас и партнерот. Ако не сте заљубени, можеби вашата нова љубов е поблиску отколку што мислите. Запишете се на некое хоби, ќе запознаете интересна личност.

СТРЕЛЕЦ
Ќе бидете во центарот на стабилноста во вашето семејство или работа и ќе ги охрабрувате сите околу вас. Лидерството ви одговара повеќе отколку што мислите. Ве очекува напредок во вашата работа. Венера влијае на вашето романтично поле, прифатете ги своите чувства.

ЈАРЕЦ
Ако сте добар комуникатор, вашата самодоверба ќе биде на највисоко ниво и со тоа ќе ги шармирате сите околу вас. Можеби од преголемата посветеност на работата не забележувате дека некој кој е постојано околу вас потајно гаи длабоки чувства. Обидете се да ги прифатите некои одговори кои ви се нудат наместо да барате нови. Страста ве следи каде и да чекорите.

ВОДОЛИЈА
Ако веќе подолго време избегнувате решавање на нешто околу финансии, време е да се соочите со истото и да го тргнете од вашата листа. Останете смирени и не дозволувајте другите да ве предизвикуваат.Ви пристигнува нова љубов на буквата „Д“.

РИБИ
Ако не сте му кажале на вашите најблиски колку ви значат, време е да го сторите тоа. Ќе бидете изненадени колку нешта ќе добиете за возврат еднаш кога ќе почнете да споделувате љубезност.
АКо сте сингл, ќе ја запознаете вашата љубов на спортски настан или додека тренирате.

Прегледи:
806
Објавено на:
30.09.2020