Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 31 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Денот е одбележан со непријатности на работното место. Негативната енергија која долго се акумулирала ја прелива чашата и на вашето трпение му се ближи крајот. Малиот повод ќе биде доволен за целата збрка да ја расчистите со потег кој за многумина ќе биде неразбирлив.

БИК
Иако сте свесни за тежината на финансиската ситуација, тоа не ве спречува да ја употребите целата своја креативност и некоја свота пари да ја вложите во ситни задоволства кои ќе ги споделите со драги луѓе. Тоа е единствен начин да се расположите денес.

БЛИЗНАЦИ
Околу вас се насобира хаос а вие во тоа се снаоѓате слабо. Стагнирате на место каде сте се се затекнале но не губете надеж. Сето ова што се случува денес, во суштина, отвара поволни прилики кои веќе некаде во себе наголемо ги чувствувате.

РАК
Ве мачи сомнителност па подигнувате ѕидови околу себе. Наместо љубомора, приберете се и вратете ја вашата самодоверба. Партнерот повеќекратно ќе ве награди а вие ќе пронајдете нова љубов во себе, онаква за која сте мислеле дека не постои. Верувајте во себе и ќе успеете.

ЛАВ
Нетактични сте и не можете да воспоставите комуникација како на работата, така ни во љубота. Ако ги одложувате договорите и напорните активности, ќе избегнете нервирање. Без оглед на тоа колку сте посветени и одговори, сега е вистинско време малку да се одморите.

ДЕВИЦА
Полни сте со разбирање за другите луѓе, сепак, внимавајте затоа што следат предизвикувачки понуди преку кои некој ви ветува голема финансиска добивка. Внимателно со парите денес, затоа што ако се залетате коцката ќе падне на онаа страна на која најмалку се надевате.

ВАГА
Гласот од заборавениот пријател од минатото ви го разубавува денот. Одложете се што сте планирале за денес и часовите поминете ги во незадолжително дружење. На некој начин таа особа ви најавува промени кои ви пристигнуваат во наредниот период.

ШКОРПИЈА
Ќе добиете подарок од партнерот. Одличен миг привремено да ги закопате ратните секири и да размислите за решавањето на вашите недоразбирања. Ако ја пропуштите оваа прилика, долго ќе се начекате на нова. Бидете внимателни на улица, особено во сообраќајот.

СТРЕЛЕЦ
Исложени сте на непријатности. Ако и понатаму сте одибвале да прифатите нова стиауција, се ќе се влоши. Со тоа, очекувајте компликации и со службени лица па паметно е да се што ќе правите да биде законски исправно.

ЈАРЕЦ
Пред вас е ден во текот на кој ќе се борите помеѓу тоа да бидете покорни и на сите по волја и потребата да реагирате бурно на критиките кои ви ги упатуваат другите. Резултатот на сето тоа е голем умор кој во текот на вечерта ќе ве совлада.

ВОДОЛИЈА
Можете да рачунате на голема поддршка на пријателите и соработниците затоа што во изминатиот период со своето залагање и пожртвуваност тоа сте го заслужиле кај нив. Ве очекува потпишување на договор преку кој вашата кариера ќе тргне во друга насока.

РИБИ
Транзитите ви донесуваат шанса своите идеи кои досега биле несфатени, конечно да ги презентирате на најдобар можен начин и да добиете поддршка од соработниците од кои најмалку сте очекувале. Чувајте се од повреди а особено бидете внимателни во сообраќајот.

Прегледи:
686
Објавено на:
30.12.2020