СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 31. ЈАНУАРИ 2020 ГОДИНА

На Бикот му е преку глава да слуша туѓи лаги, Раковите се хронично уморни, на Девицата и е потребна релаксација, Стрелецот планира патување со партнерот.

ОВЕН

Денес имате можност да се одморите и да земете слободен ден. Не е време да се оптеретувате со работа. Претерувате со критиките и тензијата која ја внесувате во вашиот однос со саканата личност. Низок притисок.

БИК

Денешниот ден ви е многу поволен. Ќе бидете задоволни од резултатот од еден разговор поврзан за вашата работа. Моментално сте во потрага за партнер кој ќе покаже искреност пред сѐ. Доста ви е од лаги. Можни се проблеми со забите.

БЛИЗНАЦИ

Проблемите ќе ги решите само ако имате поддршка од луѓето околу себе. Некои работи денес нема да можете да ги завршите сами. Личноста која ви се допаѓа полека ќе ви се отвори и ќе сфатите дека и таа не е ладнокрвна. Немате здравствени проблеми.

РАК

За да имате успешен ден, потребно ви е да бидете организирани но и да верувате во себе. Постои личност која ви се допаѓа, но премногу сте горди за да признаете. Хронично сте уморни. Внимавајте на здравјето.

ЛАВ

На деловно поле не очекувајте никакви важни промени, денешниот ден ќе помине сосема вообичаено. Можно е да доживеете убава авантура со личноста која магнетски ве привлекува веќе некое време. Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Можни се промени на работаа кои нема да се одразат директно врз вас, па подгответе се за пресврти. Размислувате да ја прекинете врската во која повеќе не се пронаоѓате. Потрудете се да бидете искрени. Потребна ви е релаксација.

ВАГА

Не сте оптеретени со работа и потребно ви е некое време за одмор. Не е момент да се форсирате на ова поле. Чувствувате силна желба да му овозможите сигурност на партнерот, чувство на утеха и љубов. Заштитете ја својата кожа од сончевото зрачење.

ШКОРПИЈА

Нема да ви биде лесно да остварите сѐ она што сакате бидејќи ќе имате повеќе обврски од вообичаено. Одлуката која ќе ја донесете на деловно поле е многу важна. Од некои работи кои ќе ги промените сега зависи вашата иднина. Пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Целите кои сте си ги поставиле себеси ќе се остварат многу бргу. Продолжете со позитивното размислување. Планирате патување со партнерот, па може да очекувате одличен провод. Ако сте сами можно е ново познанство. Размислете за диета.

ЈАРЕЦ

Моменталната ситуација на ова поле би можела да биде многу поволна. Пред вас е добар период. Врската со личноста која ви се допаѓа тргна во погрешен правец. Можни се проблеми поврзани со крвотокот.

ВОДОЛИЈА

Постои можност со деловниот партнер да постигнете многу важен компромис и да дојдете до важни одлуки. Сѐ повеќе ви се чини дека саканата личност не е сосема искрена со вас и тоа не ви се допаѓа. Респираторна инфекција.

РИБИ

Вашата работа ви делува нестабилно и имате впечаток дека наскоро следат промени на ова поле. Иако сѐ уште постои љубов во вашиот брак, постои и големо недоразбирање и карактерни разлики. Внимавајте на очите.




Коментари

[fbcomments]