Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА


ОВЕН
Денес е добар ден за да се одморите и да посветите време на својот дом и онаму каде што се чувствувате најпријатно и најбезбедно. Направете го просторот каде што престојувате попријатен за вас. Ќе чувствувате посесивност околу нешто што е ваше. Можна е кавга со женска личност од семејството.

БИК
Во разговорите со другите постојано ќе се препирате и ќе сакате вие да го имате главниот збор. Нема да сакате да го трошите времето на бесцелни разговори кои не водат никаде. Ќе започнете да размислувате за ново хоби или ќе сакате да ја промените вашата работа.

БЛИЗНАЦИ
Ќе бидете загрижени околу вашите вредности. Приврзани сте за нешто и не сакате да го дадете на никого. Ќе се браните себеси и своите гледишта и нема да дозволувате никој да ве убедува во спротивното. Нема потреба да бидете толку строги кон другите.

РАК
Месечината е во вашиот знак а тоа ви дава сила и цврстина, ќе сочувствувате со другите повеќе од вообичаено. Чувствителни сте на расположенијата на другите. Ако на некој му е потребна вашата помош, бидете нежни и дарежливи.

ЛАВ
Ќе сакате да ја чувате вашата приватност и нема лесно да пуштате никој покрај себе, сметате дека сите сакаат да го повредат вашето срце. Вашата осаменост можеби ќе ви годи но не за долго. Немојте да ги игнорирате оние кои ве сакаат и се грижат за вас.

ДЕВИЦА
Денес е добар ден за да го отворите вашето срце и да споделите се што ви тежи. Како ќе ги претворите вашите соништа во реалност ако не зборувате отворено за нив и ако не се обидете да ги претворите во реалност? Во меѓувреме, кавгите во врска со наследство ќе бидат разрешени.

ВАГА
Ќе паднете во искушение на возвратите на нечии остри критики и зборови кои ви се упатени само да ве испровоцираат. Обидете се да го контролирате вашиот темперамент и не потпаѓајте на провокации. Настапува одличен период за вашите финансии, сите инвестиции ќе ви бидат исплатени.

ШКОРПИЈА
Тоа што не можете да патувате ве депримира и ве прави да се чувствувате носталгично. Но не заборавајте дека секогаш се тука книгите кои можат да ви помогнат во то амногу повеќе. Ќе научите нешто ново и ќе ја развиете вашата имагинација.

СТРЕЛЕЦ
Денес не треба да правите никакви инвестиции и не треба да вложувате во никакви бизниси. Шансите дека ќе имате загуба се доста големи, почекајте некое поповолно време. Што се однесува до врските и љубовта, пристигнува понуда од личност која ќе ве заинтригира.

ЈАРЕЦ
Месечината се движи обратно од вашиот знак, што значи дека ќе сакате да им удоволувате на другите. Но не грижете се, за кратко време другите ќе сакаат да ви угодуваат вам. До тогаш останете љубезни. Среќата ќе биде на ваша страна.

ВОДОЛИЈА
Дневните активности ве преморуваат и се чувствувате како да сте заглавени во рутина. Сметате дека вашиот партнер не е доволно обзирен за вашите потреби и ве занемарува, чувствувате дека полека се оддалечува од вас. Можно е да претрпите некоја финансиска загуба.

РИБИ
Благодарение на Сонцето, се издигнувате во очите на другите. Ова е одличен период кој треба да го искористите за ваша корист. Денес излезете и забавувајте се, шансите дека ќе поминете незаборавни мигови се доста големи.

Прегледи:
1509
Објавено на:
03.12.2020