СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7. АПРИЛ 2020 ГОДИНА

Ракот ужива во љубовта, Близнаците имаат проблем со здравјето, Стрелецот е активен, Водолијата нема проблеми.

ОВЕН

Може да очекувате многу добар ден кога станува збор за работата, сѐ укажува на тоа дека ќе ги остварите плановите кои ги имате. Може да се надевате на добра ситуација на љубовно поле. Внимавајте на крвниот притисок.

БИК

Доаѓаат големи промени на деловно поле. Имате впечаток дека поголемиот дел од нив не зависи од вас. Чувствувате голема доза љубов кон личноста со која се гледате и имате потреба да ја зацврстите врската. Помали проблеми со варењето.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува поволна атмосфера во односот со колегите. Може да се надевате на позитивни пресврти на ова поле. Ве очекува можност за флерт и ново познанство. Проблеми со грлото и синусите.

РАК

Доаѓате до големо подобрување кога станува збор за работата, нови можности се пред вас. Вашите емоции се силни и искрени сте кон саканата личност. Сакате да остварите однос во кој ќе имате стабилност. Здравјето е во ред.

ЛАВ

Од вашите одлуки зависи текот на ситуациите на деловно поле. Ако се потрудите сз ќе биде како што треба. Разочарани сте во саканата личност и не ви е лесно да преминете преку сѐ што се случи. Патите, но сепак избирате крај. Проблеми со главоболка.

ДЕВИЦА

Може да очекувате поволен ден во кој нема да имате премногу обврски. Нема да ви биде тешко да решите некои рутински работи. Тивко патите за личност со која верувате дека нема да се смирите во иднина. Проблеми на нервна база.

ВАГА

Вие сте позитивно расположени и подготвени максимално да и се посветите на работата. Работите се одвиваат малку поспоро отколку што очекувавте, па поради тоа може малку да почнете да го губите интересот. Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате позитивен ден во кој ќе остварите некои позитивни договори во врска со работата. Личноста која ви се допаѓа ви покажа дека во својот живот има уште некој друг и не знаете како да се поставите во таа ситуација. Проблеми со грбот.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате важен ден на работното место. Ако сте планирале промени на ова поле, сега е моментот за тоа. Не ви се допаѓа било каква тајна помеѓу вас и партнерот. Важно ви е да бидете искрени. Добро ќе ви дојде некоја спортска активност.

ЈАРЕЦ

Запомнете дека секогаш имате избор, дури и тогаш кога ви се чини дека тоа не е така. Нестабилниот однос со саканата личност ви носи чувство на страв, не сакате да дојдете до прекинување на врската или бракот. Нервната напнатост е нагласена.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате позитивна прилика да најдете работа на која ќе се задржите подолго време. Саканата личност ви замерува поради тоа што не сте и доволно посветени. Немате проблеми со здравјето.

РИБИ

Може да очекувате генерално добра ситуација кога станува збор за работата. Љубовната ситуација е многу турбулентна бидејќи влегувате во една, па во друга врска и склони сте кон паралелни приказни. Избегнувајте алкохол.




Коментари

[fbcomments]