Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7. ОКТОМВРИ 2021 ГОДИНА

Вагата е несреќна во љубовта, Близнаците ги очекува парична добивка, Јарците нови пријателства.

ОВЕН

Можно е сега да не ви одговара да се занимавате со работа во која се вклучени групи на луѓе, повеќе сакате на обврските да им се посветите сами. Доколку сте планирале некој сериозен разговор со саканата личност, подобро да го одложите. Чувајте се од повреди.

БИК

Можно е да не ви е лесно да донесете нови деловни одлуки и да ве кочат некои дилеми денес. Доколку имате партнер, ве очекува поволен ден во кој ќе го поправите односот меѓу вас. Ви се враќаат хроничните тегоби.

БЛИЗНАЦИ

Можно е денес да имате некоја помала штета кога станува збор за работата. Поведете сметка за своите обврски. Можно е подолг период да сте биле осамени и тоа повеќе да не ви одговара. Избегнувајте алкохол.

РАК

Најдобро е да земете слободен ден денес и да не се занимавате премногу со деловните обврски за да не дојде до штета. Внимавајте да не претерате со љубомора која може да почне да ве преоптеретува. Посетете доктор.

ЛАВ

Ќе бидетегенерално опуштени и подготвени да се посветите на работата на еден смирен и зрел начин. Имате добар однос со саканата личност и среќни сте кога сте заедно. Се чувствувате многу добро.

ДЕВИЦА

Максимално сте ангажирани и работата ви е на прво место. Немате веќе никакви недоумици кога станува збор за емоциите, знаете кого сакате покрај себе и во кого сте заљубени. Ви одговара поинтензивна активност.

ВАГА

Можни се значајни финансиски пресврти во наредниот период. Ве очекува подобрување на ситуацијата. Овој ден не е премногу поволен за љубов. Можно е да не ви биде лесно да остварите успех на љубовно поле. Зголемен апетит.

ШКОРПИЈА

На некој начин сте оптеретени со грижи и проблеми. Пред вас е период во кој нема да биде лесно сѐ да разрешите. Новото познанство кое ве очекува може да внесе повеќе среќа и возбуда. Можна е силна главоболка.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате поволни околности во текот на денешниот ден на деловно поле и среќата да биде на ваша страна. Ви се допаѓа личност која неодамна сте ја запознале и полека смислувате начин да и се приближите. Можна е несоница.

ЈАРЕЦ

Ќе бидете многу напнати и нервозни што може негативно да влијае врз вас на деловно поле. Кога станува збор за љубовта, пред вас е фаза во која може да имате некои поголеми дилеми и недоумици. Проблеми со циркулација.

ВОДОЛИЈА

Деловната ситуација не ви е стабилна и тешко се помирувате со тоа. Ве очекува неповолен период за промени. Ќе се оддалечите од саканата личност. Се плашите да не дојде до раскинување на врската. Проблеми со грбот.

РИБИ

Ве очекува можност за работа која ќе ви донесе напредок во кариерата. Посветете се на своите цели. Интересно познанство е пред вас. Може да очекувате позитивни околности на ова поле. Се чувствувате многу убаво.

Прегледи:
240
Објавено на:
06.10.2021